Од 10 владина седница

March 12, 2024
1 min read

Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница, утврди текстови на два предлог на закони во областа на енергетската сфера: Предлог на Закон за обновливи извори на енергија и Предлог на Закон за енергетика, чијашто материја претходно била уредена во еден закон. 

Новината што се воведува, да има посебен закон за обновливи извори на енергија, според посочувањето од предлагачот, Министерството за економија, е согласно определбата на Владата за поттикнување инвестиции во областа на обновливите извори на енергија, како и согласно ваквите определби и законски одредби на Европската Унија. 

Клучната цел на Предлогот на Закон за обновливи извори на енергија е поедноставување на процедурите во однос на употребата на обновливите извори на енергија, на линија на законодавниот Пакет на ЕУ за чиста енергија. 

Клучната цел на Предлогот на Закон за енергетика е транспонирање на регулативите и директивите на ЕУ – за сигурно, безбедно и квалитетно снабдување со енергија на потрошувачите и постигнување енергетски ефикасен, конкурентен и финансиски одржлив енергетски сектор, со примена на начелата на недискриминација, објективност и транспарентност. 

Двете предлог законски решенија се работени со поддршка на УСАИД. 

Владата ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за одбрана за потребата на доделување договор за набавка на повеќенаменски транспортни хеликоптери, со склучување договор влада со влада помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Италијанската Република. 

Овластена е министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во име на Владата на Република Северна Македонија, да го потпише Аранжманот помеѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија во име на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Италијанската Република, за соработка во полето на воената хеликоптерска авијација. 

Согласно потребата за реформа на одбранбениот сектор и негова интеграција во НАТО, утврдена во Стратегискиот одбранбен преглед, како што е соопштено од Министерството за одбрана, се постапува по Долгорочен план за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија, за постигнување целосна интероперабилност со армиите на земјите партнери во НАТО. 

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија, за учество во НАТО мисијата „Зајакнато истурено присуство“ (Enhanced Forward Presence -eFP ) во Република Летонија. 

Владата, по укажување на дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи, дека со едностран потпис, само од страна на министерот за внатрешни работи, се донесени пет наредби за кадровски прераспоредувања и распоредувања во подрачни сектори на МВР и во Бирото за јавна безбедност, ваквите акти, како второстепен орган, ги прогласи за ништовни. 

Согласно Законот за Влада на Република Северна Македонија, заради организирање на избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, дополнителниот заменик на министерот за внатрешни работи, заедно и рамноправно со министерот ги разгледува и потпишува сите акти и документ – во спротивно не произведува правно дејство.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Будимпешта го повика американскиот амбасадор поради коментарот на Бајден за Орбан

Следно

Силувано малолетно девојче во Крива Паланка, случајот го пријавила мајката

Latest from Blog

Голем шумски пожар во Истра, каде огнот зафати стотици хектари

Шумски пожар во хрватската област Истра зафати стотици хектари трева и ниска вегетација, а пожарникарите сè уште се борат со огнената стихија, пренесува хрватскиот портал Индекс. Пожарот избувнал вчера попладне и, поттикнат

Истрага за поткуп и проневера во СОЗР, побаран притвор за поранешниот директор

Јавен обвинител од ОЈО Скопје донел наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата  кој се сомничи за примање поткуп

Министерот Стоилковиќ оствари работна средба со претседателот на КСЗД

Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со делегација од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, предводена од претседателот Лимко Бејзароски. На средбата

Мурати за нов закон за правична застапеност од Вреди: Не верувам дека имаат добро решение, скептичен сум дека во блиско време ќе се донесе!

Поранешниот претседател на Уставниот суд и пратеник од Европскиот Фронт, Сали Мурати денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 проговори во однос на најавата на албанската коалиција Вреди дека се припрема нов
Go toTop