Обвинителството на БиХ издаде налог за приведување на Додик, премиерот на РС, Вишковиќ и претседателот на Парламентот Стевандиќ

March 12, 2025
1 min read

Обвинителството на Босна и Херцеговина издало наредба до судската полиција да ги приведе претседателот на Република Српска Милорад Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ, јави РТРС повикувајќи се извори во Кабинетот на премиерот на Република Српска.

Наредбата ја издал обвинителот Ќазим Хасанспахиќ, а Обвинителството на БиХ ги товари за сторено кривично дело „напад врз уставниот поредок“.

Обвинителството на БиХ издало наредба за апсење до судската полиција и побарало помош од Министерството за внатрешни работи на Република Српска, како и од СИПА (Државна агенција за истраги и заштита), јави РТРС.

Директорот на судската полиција на РС, Жељко Драгојевиќ, за РТРС изјави дека тие не добиле наредба. Според него, тоа е во надлежност на СИПА и Судската полиција на Судот на БиХ.  

Обвинителството на БиХ може двапати да испрати покана за распит и доколку не одговорат, тогаш постои можност да побараат приведување. Доколку Додик, Стевандиќ и Вишковиќ одбијат да бидат приведени, тогаш може да се распише потерница, а доколку не бидат уапсени според домашното законодавство, тогаш следува потерница од Интерпол.

Во   Службениот весник на РС се содржат декрети за објавување на четири закони усвоени од Националното собрание на РС на посебна седница на 27 февруари, со кои се   бара да се забрани работата на Обвинителството на БиХ, Судот на БиХ, ВСТВ и СИПА на територијата на РС. Тие закони беа привремено суспендирани со одлука на Уставниот суд на БиХ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манев: Коодинатор на грабнувањата беше Палевски, се изненадив кога го застрела Жежоски

Следно

БиХ ќе го апси, а Додик слави роденден во палатата на Република Српска

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,
Go toTop