Обвинетиот за убиството на Емилија Пешева призна вина, пресуда на 12 февруари

February 10, 2025
1 min read

Обвинетиот за убиство на 29-годишната Емилија Пешева, Фадил Зејнелов призна вина. Пресудата во Основниот суд Штип ќе биде објавена в среда, на 12 февруари. 

Зејнелов денеска пред Судот ја призна вината, а мотивот за извршеното убиство на 1 ноември минатата година рече дека е неверство. 

Обвинителот и адвокатите на семејството Пешеви побараа доживотна казна затвор за сторителот, бидејќи, како што рекоа, убиството го извршил при семејно насилство, односно фемицид. 

Судијата Сашко Георгиев по одржаните вовоедни и завршни зборови најави дека пресудата ќе биде објавена в среда на 12 февруари во 13.00 часот.

Според истрагата на Основното јавно обвинителство, за убиството на штипјанката Пешева се обезбедени докази според кои обвинетиот на 1 ноември 2024 година, при вршење семејно насилство, со умисла ја лишил од живот својата вонбрачна партнерка.

Откако се договориле и се сретнале пред нејзиниот дом, заедно отишле во напуштен објект на Јавното претпријатие „Исар“ за да разговараат за проблемите во нивната повеќегодишна врска. Разговорот преминал во расправија, по што обвинетиот физички ја нападнал жртвата и започнал да ја удира со тупаници. Кога таа паднала на подот, тој почнал силно да ја стега во пределот на вратот, при што  дошло до прекин на дишењето и нарушување на дотокот на крв во мозокот, како резултат на што жената починала. Кога се уверил дека не дава знаци на живот, тој го напуштил местото и сам се пријавил во Полициска станица-Штип.

МИА тогаш информираше и за ставот на невладините организации кои работат на женските права и со жртвите на семејно насилство, согласни дека ова убиство е фемицид.

Жртвата претходно пријавувала насилство, но постапката против Зејнелов кој го изврши убиството има запрено на 2 септември 2024 година, за што тогаш потврдија и од Центарот за социјални работи во Штип. Бети Пеева од Невладината „ЕХО“ од Штип за МИА изјави  дека подолг временски период бараат законски измени со цел кривичното гонење против насилнокот да оди по службена должност.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Шарените куќи во турскиот град Кајсери прекриени со снежна покривка

Следно

Нова дојава за поставена бомба во средно училиште во Загреб

Latest from Blog

Босна славеше против Катар и со една нога е во следната рунда, Швајцарија заврши прва во групата (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ја победи репрезентацијата на Катар со 3:1 во Сиетл во натпреварот од третото коло од групата Б на Светското првенство. Со оваа исклучително значајна победа, „Змејовите“ направија

Татко монструм бил во врска со својата 18 – годишна ќерка, таа си пресудила, тој доби минимална казна

Стивен Винсент Чавез, 41, се изјасни за виновен во мај за инцест и обезбедување алкохол на малолетник, а оваа недела беше осуден, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител на округот Вентура, објави Дејли

Јанушев оди под лупа, корупција ќе го чешла

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе ги разгледува новите наводи за генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, и неговата можна поврзаност со компанија регистрирана во Бугарија. Од ДКСК потврдуваат дека имотната

ОН: Бродовите веќе поминуваат низ Ормутскиот теснец по планот за евакуација на 11.000 поморци

„Бродовите веќе почнаа да минуваат според планот“, изјави портпарол на Меѓународната поморска организација на ОН (IMO), но одби да даде детали за бродовите што поминале низ теснецот. Најмалку два носачи на товар
Go toTop