Објавена мемоарската книга „Се викам Селма“

September 1, 2023
1 min read

„Македоника литера“ деновиве ја објави мемоарската книга на холандско- британската новинарка и преживеана еврејка во холокаустот Селма ван де Пере со наслов „Се викам Селма“, во превод од англиски јазик на Елена Саздовска.

-Темата во книгата е животот на една Еврејка, жена борец на Отпорот во Холандија, која преживеала нацистички кампови и логори.Т оа што била Еврејка дотогаш не играло никаква улога во нејзиниот живот, но наеднаш станало прашање за живот и смрт. Во книгата се објаснува дека користела лажен идентитет и ги преживеала воените ужаси, како и мачеништвата во логорите.Во тоа време никој не знаел дека е Еврејк, ниту пак кое е нејзиното вистинско име. Дури по војната се осмелила повторно да каже: Се викам Селма,соопштија од издавачката куќа „Македоника литера“.

Од издавачката куќа наведуваат дека книгата покажува уште многу работи кои не биле кажани за холокаустот на Евреите.Токму поради тоа оваа трогателна и неверојатна животна приказна и автентично сведоштво за холокаустот на Евреите, привлече големо внимание по публикувањето.

До публикувањето на ова македонско издание, авторските права на книгата веќе беа продадени за превод на петнаесетина јазици.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Филмскиот караван на Кинотека не запира: Септември поинтензивен и по квантитет и по содржина

Следно

Полициски инспектори во моментов ја тресат Клиниката за онкологија

Latest from Blog

Манчестер Јунајтед купува стопер во Германија

Англиските медиуми попладнево јавуваат дека менаџментот на Манчестер Јунајтед, ги контактирал претставниците на играчот на Баер Леверкузен, Едмонд Тапсоба, за да евентуално го донесат како следно засилување во одбраната. Тапсоба стопер кој

Проданоски: Сè што имаме ставаме на располагање за справување со пожарот

Вечерва беше одржан координативен состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп, на кој беше разгледана актуелната состојба со пожарот во селото Чаниште и поширокиот Мариовски регион, како и ризиците

Македонија остана на 235 патронажни сестри: во Тетово една покрива над 33.000 жители

Додека здравствениот систем постојано зборува за превенција и рано откривање на болестите, патронажната служба која треба да стигне до граѓаните пред тие да станат пациенти работи со сè помалку луѓе и со

Над 30 милиони денари промет на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 18.08.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.171,25 поени. Во однос
Go toTop