Објавен извештајот за случајот „Партигејт“: Борис Џонсон свесно го измамил Парламентот

June 15, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Комитетот за повластици на британскиот Парламент заклучи дека поранешниот премиер Борис Џонсон свесно го измамил Парламентот во врска со забавите што се одржувале во Кабинетот на премиерот додека имало ограничувања поради Ковид-19, јавува Анадолу.

Комитетот за повластици ги објави резултатите од својата истрага за присуството на Џонсон на забавите што се одржуваа во премиерскиот кабинет број 10 за време на пандемијата.

Заклучувајќи дека Џонсон свесно и намерно ги измамил пратениците и одборот, Комитетот за повластици соопшти дека тоа се повторувало неколку пати.

Одборот исто така го обвини Џонсон за поткопување на демократскиот процес и понижување на одборот со измамување на пратеници на сослушувањата на кои присуствувал минатата недела.

„Понижувањето беше многу сериозно бидејќи е сторено од премиерот, најавторитетниот член на Владата“, се вели во извештајот на Комитетот за повластици, во кој се дадени препораки за санкции против Џонсон.

Комитетот препорача, на Џонсон, кој поднесе оставка како пратеник на 10 јуни, да не му се даде картичката што ја користеле поранешните пратеници за влез во Парламентот.

Полицијата во Велика Британија започна истрага на почетокот на минатата година по извештаите за 12 инциденти во кои според наводите, се прекршени ограничувањата за Ковид-19 во 2020 и 2021 година. Како дел од истрагата, Џонсон е казнет затоа што присуствувал на сопствената роденденска забава.

Џонсон во својата изјава на 21 март призна дека го измамил Парламентот за неговото присуство во Кабинетот на премиерот за време на пандемијата на Ковид-19, со што беа прекршени правилата за карантин, но инсистираше дека тоа не го сторил „намерно“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОЧИНА ГЛЕНДА ЏЕКСОН, ДВОЈНАТА ОСКАРОВКА КОЈА СТАНА ПРАТЕНИЧКА ВО БРИТАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Следно

Вучиќ за ситуацијата на Косово: Деца од 12, 13 години се подготвени да умрат поради Курти

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop