Вучиќ за ситуацијата на Косово: Деца од 12, 13 години се подготвени да умрат поради Курти

June 15, 2023
1 min read

Во врска со апсењето на тројца припадници на косовската полиција, за кои Србија тврди дека се специјалци уапсени на територијата на централна Србија, а Косово тврди дека се граничари кои биле зад административната линија, Вучиќ рече дека Курти со својата изјава признал дека биле таму каде што не смеело

Ситуацијата во Косово е „ужасно тешка“, децата на возраст од 12 и 13 години се подготвени да умрат, што мораме да го спречиме, на сите им е преку глава од косовскиот премиер Албин Курти, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ одговарајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со претседателката на Словенија Пирц Мусар.

„Не можам повеќе да издржам физички. Не можам да спијам ни една ноќ. Затоа што, за разлика од вас, знам што се случува секоја вечер на северот на Косово. Буквално сè врие. Децата од 12, 13 години се подготвени да умрат, што мораме да го спречиме. Доста им е од Курти“,

рече Вучиќ објаснувајќи дека претходната вечер деца на 12 и 13 години бркале возила на косовската полиција, пренесува Н1.

Во врска со апсењето на тројца припадници на косовската полиција, за кои Србија тврди дека се специјалци уапсени на територијата на централна Србија, а Косово тврди дека се граничари кои биле зад административната линија, Вучиќ рече дека Курти со својата изјава признал дека биле таму каде што не смеело.

„Важни се неколку работи, ако е точно сè што кажа Курти, тој самиот призна дека ги прекршиле сите норми на меѓународното право. Тој рече дека тие биле 300 метри во внатрешноста на административната линија. Немаат право да бидат таму. Според воено-техничкиот договор, тие треба да се јават на КФОР 36 часа порано за километар“,

рече Вучиќ.

Тој истакна дека припадниците на српската полиција и војска никогаш не ја преминале административната линија.

„Ако го прашате КФОР, ќе ви кажат дека Србија никогаш не го направила тоа“,

истакна Вучиќ.

Српскиот претседател посочи дека во утринскиот разговор со претставници на земјите од Квинтата им биле понудени сите докази за вчерашното апсење, како и дека лицата кои учествувале во апсењето се подготвени да направат полиграф.

„Јас понудив, не само да ги гледаме сите снимки (…) Ние сме подготвени да ги обезбедиме сите снимки. Им понудивме на лицата кои ги уапсиле да ги донесат своите полиграфски испитувачи со две прашања: ‘дали ги уапсивте овие лица’ и ‘дали ги уапсивте во централна Србија или на територијата на АП Косово и Метохија’ и сите лица се подготвени да одговорат на тие прашања“,

рече Вучиќ.

Според него, припадниците на косовската полиција не биле тепани или малтретирани по нивното апсење. Своето присуство на територијата на централна Србија, како што рече, го оправдувале со тоа дека бараат печурки, дека ГПС не им работи, дека не знаат да користат дурбин и двоглед.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Објавен извештајот за случајот „Партигејт“: Борис Џонсон свесно го измамил Парламентот

Следно

Навивачите воодушевени од дресот на Барселона за новата сезона

Latest from Blog

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони

Проданоски: Искуствата од другите земји можат да ни помогнат да ги подобриме социјалните услуги

Како да се подобрат здравствените и социјалните услуги на локално ниво е главната тема на меѓународната конференција „Health and Social Services – Challenges and Opportunities“, која се одржува во Прилеп. Настанот го

Коњановски: Ги усогласуваме активностите на службите пред зимската сезона

Општина Битола одржа работен состанок со претставниците на зимската служба за да ги усогласи активностите на надлежните претпријатија и институции пред почетокот на сезоната 2026/2027. На состанокот присуствуваа градоначалникот Тони Коњановски и
Go toTop