„О2 иницијатива“ со предлози до Арсовска и советниците против аерозагадувањето во Скопје

December 16, 2024
1 min read

Во контекст на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето во Скопје, Здружението за истражување, едукација и креирање еко политики „О2 иницијатива“ предложи серија мерки кои треба да бидат усвоени од советниците и градоначалничката Данела Арсовска. Целта на овие одлуки е значително намалување на аерозагадувањето и постигнување на законски зададени граници, кои за краток период ќе бидат двојно или повеќе пати пониски од сегашните, согласно новата ЕУ Директива за квалитетот на амбиентниот воздух.

Од иницијативата посочуваат дека проблемот со загадувањето има повеќе извори, меѓу кои согорувањето на дрва, нафта и мазут за греење, како и сообраќајот. Според студија направена во 2021 година, согорувањето на дрва и дрвна маса во зимските месеци е одговорно за 50-60% од загадувањето на воздухот, додека сообраќајот и индустријата имаат значителен удел. Во летните месеци, пак, голем дел од загадувањето се должи на прашина од градежни активности.

Од „О2 иницијатива“ предлагаат седум клучни одлуки:

Забрана за користење на нафта, мазут, јаглен и други загадувачи за греење – Оваа мера ќе се имплементира во фази, со тоа што домаќинствата ќе имаат рок до 2026 година за премин кон поеколошки извори на енергија, како што се пелети, гас или топлински пумпи.

Филтри за согорување на дрва – Домаќинствата и индустриите кои користат дрва за греење ќе бидат обврзани да постават филтри, што ќе започне да се применува во 2027 и 2029 година во урбаните и руралните делови на Скопје.

Зелената налепница за возилата – Од октомври 2026 година ќе се дозволува сообраќај само на возила од прва еколошка категорија во денови со висока загаденост на воздухот.

Забрана за користење на мазут и други енергентни материјали во индустријата – Мерката ќе се применува од 2030 година, а компаниите ќе имаат можност да аплицираат за субвенции.

Видео надзор на палењето на отпад и прашината во градот – Поставување на систем за 24-часовен мониторинг кој ќе помогне во забележување и санкционирање на илегалните палења.

Бесплатно собирање на органски отпад и компостирање – Од 2026 година се планира да започне повторно организирано собирање на органски отпад и производство на органско ѓубриво.

Мониторинг на градежните работи – Компаниите кои изведуваат поголеми градежни проекти ќе бидат обврзани да инсталираат постојан мониторинг на прашината околу градилиштата.

Со овие мерки се очекува значително намалување на загадувањето и побрзо усогласување со европските стандарди. Од „О2 иницијатива“ апелираат до советниците и градоначалничката да покажат зрелост и да ги усвојат овие одлуки, што ќе биде од најголема важност за здравјето на граѓаните и идните генерации.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

До четврток стабилно и релативно топло време, од петок дожд и снег

Следно

СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ЌЕ БИДЕМЕ МУДРИ И ПАМЕТНИ ДА АПЛИЦИРАМЕ ВО УНЕСКО И ЗА ЗАШТИТА НА КАВАЛОТ, РЕЧЕ МУЗИЧАРОТ ДАУТОВСКИ

Latest from Blog

Турското МНР го осуди нападот на терористичката ПКК врз ирачките војници

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије, заедно со Ирак, ќе продолжи да се бори против тероризмот, соопшти денес турското Министерство за надворешни работи по убиството на двајцата ирачки граничари од страна на терористите на

Тошковски: Оваа генерација покажа дека со храброст, посветеност, сплотеност и тимски дух можеме да се носиме со најдобрите

Вечерва во Вараждин по завршувањето на натпреварот со Франција имав чест лично да ги посетам нашите ракометари и да им честитам за борбеноста и пожртвуваноста што ја покажаа. Со голема гордост ги

Арсовска објави фотографија: Лицата кои ги трујат скопјани и кои претепаа инспектори и натаму се на слобода

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска го повика МВР да реагира и да ги уапси лицата кои нанеле тешки телесни повреди на инспекторите од Град Скопје, и дека истите продолжуваат да го трујат

Касами продолжува да сее раздор во Тетово, му пречат улиците со македонски имиња

Од Сојузот на борци од Тетово апелираат до државниот врв, дипломатскиот кор и особено до Владата веднаш да го осуети обидот за креирање немир и јавно да го осудат националистичкото сценарио во

Денот во 60 секунди – Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, МВР прими 497 нови полицајци

Македонија секој ден оди чекор напред. Владата засилено работи на трансформација на државата. МВР прими 497 нови полицајци, се засилуваат безбедносните сили, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на
Go toTop