Њукасл без дефанзивецот Хол до крајот на сезоната

March 5, 2025
1 min read

Левиот бек на Њукасл, Луис Хол ќе го пропушти остатокот од сезоната по повредата на коската на стапалото, објави денеска премиерлигашот.

„По извршеното скенирање и советот на специјалистичкиот тим, Луис ќе биде опериран пред периодот на рехабилитација со медицинскиот тим на клубот“, се вели во соопштението на Њукасл.

Њукасл, шестопласиран на табелата во Премиер лигата, со три бодови помалку од четвртопласираниот Манчестер Сити по 27 кола, следниот првенствен натпревар го игра на гостувањето кај Вест Хем Јунајтед в понеделник.

Повредата на 20-годишниот англиски репрезентативец доаѓа додека Њукасл се бори да обезбеди пласман во Лига Европа или Конференциската лига и има шанса да го освои својот прв голем трофеј од 1955 година, кога на 16 март ќе игра со Ливерпул во финалето на Лига купот на Вембли. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Макрон: Потенцијалните американски царини за Европа нема да останат без одговор

Следно

Селими во 24 анализа: Македонија нема убедлива позиција, со тоа даваме впечаток дека не знаеме кај се движиме

Latest from Blog

Премиерот предупреди: Во владата има луѓе што не го даваат максимумот

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју за „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа порача дека Владата дава максимум во работењето, но истакна дека кај одредени поединци има дилеми и задршки. „Ние

Коњановски: Почна изградбата на модерни игралишта во „Даме Груев“

Со почетокот на новата градежна сезона, започна изградбата на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“, проект кој се реализира во рамки на вториот владин повик преку Министерството за образование и

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.
Go toTop