Премиерот предупреди: Во владата има луѓе што не го даваат максимумот

March 25, 2026
1 min read

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју за „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа порача дека Владата дава максимум во работењето, но истакна дека кај одредени поединци има дилеми и задршки.

„Ние не сме чудотворци да ветуваме чуда. Тоа јавно на митинзи сум го зборувал. Тој што ви ветува чуда не ја говори вистината, но дека ќе дадеме се од себе, тоа да бидете сигурни. Јас се будам и заспивам со таа една мисла – дали даваме се од себе, дали сите даваат се од себе. Кај поединци имам дилема, имам задршка. И кај тие што имам дилема и задршка ги опоменувам дека имам чувство дека можат повеќе да дадат“, рече Мицкоски.

Тој беше категоричен дека оваа генерација политичари нема право на реприза и дека мора да се работи офанзивно и со максимална посветеност.

„Ние немаме право на реприза. Едноставно нема повеќе простор. Оваа генерација нема повеќе простор за импровизации и за репризи. Мора офанзивно и мора да се испорачува и мора да се даде повеќе од што можеме за да дојдеме до состојба на консолидирање. Ако е природно да се работи 5 дена во неделата по 8 часа, сега ќе се работи 7 дена во неделата по 12, 13, 14 часа. Тоа е начинот на којшто мора да функционира оваа влада“, нагласи премиерот.

Мицкоски додаде дека кога граѓаните ќе видат дека политичарите „го оставаат срцето на терен“, тие ќе им простат се. Меѓутоа, ако забележат надменост, неодговарање на пораки или недостаток на внимание кон обичните луѓе, тоа „нема да им го простат никогаш“.

Запрашан за евентуална реконструкција на Владата и дали има задршки за конкретни имиња, Мицкоски одговори дека има, и дека тоа го кажал лично на засегнатите.

„Имам да, точно и како што кажав тоа сум го кажувал лично. Не зборувам само во рамките на Владата туку и во рамките на институциите коишто се дел од Владата, затоа што мислам дека поединци не се вложуваат доволно или пак се однесуваат несоодветно на тоа што треба да се однесуваат“, рече Мицкоски.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Барса ги наградува Жерар Мартин и Марк Бернал со нови богати договори

Следно

Се појавија делови од мировниот план за Иран во 15 точки

Latest from Blog

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments за групни нарачки

Корисниците сега можат директно во апликацијата да платат за своите артикли кога заедно нарачуваат од ресторани со пријателите, семејството или колегите. Wolt ја воведува функцијата Split Payments (Поделено плаќање) за групни нарачки,

ЕИБ: Европа има неискористен минерален потенцијал – Македонија со потврден бакар во Иловица

Европската инвестициска банка повикува на забрзување на геолошките истражувања и развојот на нови рударски проекти во Европа. Во својот последен технички извештај „Предизвици и решенија за истражувањето на минерали во Европа“, ЕИБ

Скопје станува регионален центар за европска сертификација на финанс

АБИТ и ЕФПА Луксембург започнуваат стратешко партнерство преку кое во регионот ќе бидат достапни меѓународни програми за финансиско образование и професионална сертификација. Ова нуди посебна вредност за студентите на Хајделберг факултет Скопје.

Општина Битола со нова дезинсекција: Целта е намалување на ризикот од Западнонилска треска

Општина Битола ќе спроведе дополнителна, вонредна дезинсекција против комарци на територијата на општината, како превентивна мерка поради актуелната епидемиолошка состојба во земјата и зголемениот ризик од ширење на Западнонилската треска. Според информациите

Солзи на трибините: Меси се врати на теренот пет дена по смртта на неговиот татко (ВИДЕО)

Фото: Интер Мајами Х Во неделата, Аргентинецот го погреба својот татко Хорхе, кој почина еден ден претходно на 68-годишна возраст по долго и тешко боледување, а веќе во четврток, Меси се врати
Go toTop