Селими во 24 анализа: Македонија нема убедлива позиција, со тоа даваме впечаток дека не знаеме кај се движиме

March 5, 2025
1 min read

Политичкиот аналитичар Сефер Селими во 24 анализа рече дека не се знае каов план има новата Влада во Македонија за продолжување на патот кон ЕУ. Според него, многу е важно да се знае каква поддршка има Македонија од страна на лидерите кои ја посетиле нашата држава. Тој зборуваше и за американската резолуција на која коспонзор беше и Македонија.

„Не знам кое е размислувањето на Владата, нема јавна одлука дали ќе продлужиме по патот на ЕУ иако честопати цел државен врв сака да не убедува дека немаме друга алтернатива освен ЕУ. Секогаш после таквите декларативни заложби од страна на Владата и политичкиот и државниот врв секогаш има едно ‘но’ и тука почнуваат да се плетат сите аргументи колку сме неправилно оценети, дека сме жртва и сл. Не треба да заборавиме дека пред 8 месеци имавме сериозни критики од тогашната опозиција а сегашната власт за тоас колку лоша е ситуацијата и политиките во нашата држава. Сите тие оценки за владеење на право, трошење на јавни пари, корупција не верувам дека се поправени за овие 8 месеци“, рече Селими.

Според него, важно е да се знае чија поддршка имаме и на кој пат треба да се движиме. Еден од начините да се дознае тоа, како што објасни тој, е да се сублимираат сите посети на политички лидери во Македонија.

„Треба да направиме сублимаат и да видиме кои од европските лидери ја посетил оваа држава или кој од нашите политичари биле на посета. Јас не се сеќавам дека имало некоја сериозна и официјална псоета надвор или внатре. Освен со Курти, Вучиќ и посета во Хрватска. Се вртиме во круг и ситуацијата не е блескава и тоа не се правилен пат по кој треба да се движиме. Во Србија се тресе власта, цела ситуација е хаос. Курти е во меѓународна изолација од сите, Орбан е под санкции на ЕУ за непочитување на правната држава“, објасни Селими.

За поддршката на американската резолуција од страна на Македонија, Селими рече дека нашата држава нема убедлива позиција.

„Немам сигурни информации но сметам дека коспонзорството на резоулицијата на САД веројатно не ни нѝ било побарано од САД бидејќи каков политички удел би имала Македонија во тоа, зошто сме воздржани. Немаме убедлива позиција на нашата држава. Со тоа се дава впечаток дека не знаеме кај тераме. Во време кога имаме светски потреси, се потресува цел светски поредок граден 80 години, беа потребни две војни за да се дојде до вредности и ние да се однесуваме без јасна визија и тоа е малку неоговорно и треба да си го знаеме нашето место. Немаме ни моќ ни глас да диктираме во тие позиици и за тоа што се случува. Можеме да држиме релации и со едните и со другите нема ништо спорно“, додаде Селими.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Њукасл без дефанзивецот Хол до крајот на сезоната

Следно

Драматичен говор на Макрон: Мора да се вооружиме, Европа во опасност?

Latest from Blog

Чуда се случуваат: Андора има клуб во главната фаза на КЛ, жртви се Ардијан Нухиу и Дрита!

фото: Federació Andorrana de Futbol @Fedandfut (X) Во Конференциската лига вечерва вистинско чудо направи Интер Ескалдес од Андора, кој на пенали успеа да го елиминира косовскиот преставник Дрита. По оние 2:2 на

Официјално: Трамп го смени името на езерото Онтарио, за инаeт на Канаѓаните (ВИДЕО)

Трамп ја потпиша наредбата во услови на зголемени трговски тензии меѓу САД и Канада, објави Ројтерс. Тој претходно изјави дека размислува за промена на името на големото езеро пред денеска да ја
Go toTop