Макрон: Потенцијалните американски царини за Европа нема да останат без одговор

March 5, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денес предупреди дека потенцијалните американски царини за европските производи нема да останат без одговор, укажувајќи на можните економски последици и повика на координирана европска реакција, известува Анадолу.

Неговите изјави следуваа по неодамнешниот потег на Вашингтон да воведе царини за Канада и Мексико, одлука што Макрон ја нарече неразбирлива и економски штетна.

Во телевизиското обраќање тој предупреди дека слични мерки против Европа би се соочиле со силно отфрлање.

„Европа мора да се подготви за можноста САД да воведат царини за европските стоки“, рече Макрон и додаде:

„Додека подготвуваме одговор со нашите европски колеги, ќе продолжиме, како и пред 15 дена, да правиме сѐ што е можно за да го убедиме американскиот претседател дека оваа одлука би ни наштетила на сите.“

Францускиот претседател, исто така, изрази загриженост за промената во политиката на САД, истакнувајќи дека намалената поддршка на Вашингтон за Украина и планираните царини за европските стоки сигнализираат предизвик за периодот што е пред нас.

Mакрон инсистира на тоа дека Европа мора да преземе поголема одговорност за сопствената безбедност.

„Иднината на Европа не смее да се решава во Вашингтон или Москва“, рече претседателот на Франција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Совети од основачите на успешни стартапи: Како да започнете, растете и успеете!

Следно

Њукасл без дефанзивецот Хол до крајот на сезоната

Latest from Blog

БАРОТ НА СМРТТА СЕ РЕНОВИРА – во него настрадаа 41 лице, сега ја менува својата функција

Барот „Констелејшн“ во Кран-Монтана, Швајцарија, каде што 41 лице загина, а 115 беа повредени во пожар на 1 јануари, никогаш повеќе нема да биде ресторан, вети претседателот на кантонот Вале, Кристоф Дарбел.

Телото на 17- годишна девојка од Тајланд е пронајдено во куфер- во обид за бегство е уапсен средовечен Австралиец (ВИДЕО)

Според полицијата и локалните медиуми, мажот бил запрен вчера околу 21:30 часот додека се подготвувал да се качи на летот на Џетстар за Перт. Апсењето следеше по истрагата за неговата врска со

Марш за ангелите во Кочани: Ќе се бориме до последен момент за вистината за „Пулс“!

Попладнево во Кочани се одржа 46-тиот Марш за ангелите. Родителите и блиските роднини на дел од загинатите порачаа дека она што деновиве го гледале во судница – расправии, провокации и обиди вниманието
Go toTop