Новиот турски министер за надворешни работи Хакан Фидан ја презеде функцијата

June 5, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Новоименуваниот министер за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, денес ја презеде функцијата во Министерството од неговиот претходник Мевлут Чавушоглу, јавува Анадолу.

Фидан, кој беше шеф на Националната разузнавачка служба (МИТ) од 2010 година, беше назначен за министер за надворешни работи од претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган во саботата го претстави својот нов кабинет откако присуствуваше на церемониите за полагање заклетва и инаугурација во Парламентот и Претседателскиот комплекс во главниот град Анкара.

Министрите за надворешни работи низ светот му честитаа на Фидан за неговото назначување.

Фидан (55) беше назначен за шеф на МИТ во мај 2010 година од тогашниот премиер Ердоган. Пред неговото назначување во МИТ, Фидан работеше во канцеларијата на Ердоган како заменик-потсекретар.

Тој е оженет и има три деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски и Мицкоски на лидерска средба в среда во Клубот на пратеници

Следно

ЅВЕЗДАТА НА ПОРТУГАЛСКОТО ФАДО, МИЗИЈА, ГО ОТВОРА 22. ОФФ-ФЕСТ В СРЕДА

Latest from Blog

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,

МЕПСО реконструира осум трафостаници: На ред е и ТС Скопје 4 во Пинтија

МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија. Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда

Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Во тој „пакет“ беа вклучени околу 810 милиони долари што Белата куќа се обиде да ги укине пред крајот на фискалната година. Минатата недела, Трамп се обиде еднострано да ги задржи средствата
Go toTop