Новиот кабинет на Туркије положи заклетва и стапи на функција

June 7, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Полагајќи заклетва во Парламентот, денес на функција стапија првиот потпретседател на Туркије, Џевдет Јилмаз, и 17 новоименувани државни министри, известува Анадолу.

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, во саботата, 3 јуни, по инаугурацијата го објави составот на новиот кабинет на Туркије.

Големото народно собрание на Република Туркије денес одржа свечена седница на која членовите на кабинетот положија заклетва и стапија на функција.

Со седницата претседаваше привремениот претседател на Парламентот, Девлет Бахчели, а потоа заклетва положија потпретседателот на Туркије, Џевдет Јилмаз, и сите 17 министри на новиот кабинет.

Заклетва положија: министерот за правда Јилмаз Тунч, министерката за семејство и социјални услуги Махинур Оздеир Ѓокташ, министерот за труд и социјална безбедност Ведат Ишикхан, министерот за животна околина, урбанизација и климатски промени Мехмет Озхасеки, министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за енергетика и природни ресурси Алпарслан Бајрактар, министерот за младина и спорт Осман Ашик Бак, министерот за трезор и финансии Мехмет Шимшек, министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, министерот за национално образование Јусуф Текин, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер, министерот за здравство Фахретин Коџа, министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир, министерот за земјоделие и шумарство Ибрахим Јумакли, министерот за трговија Омер Болат и министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу.

Бахчели потоа даде пауза од 20 минути, а во продолжението на седницата на Големото народно собрание на Туркије ќе биде избрано и новото раководство на оваа највисока турска законодавна институција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Соопштение за јавност 07.6.2023

Следно

Ердоган разговараше со Зеленски, предложи меѓународна истрага за експлозијата на браната „Каховка“

Latest from Blog

Тоневски со честитка до учениците во Пробиштип: Бидете љубопитни, храбри и истрајни

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, по повод почетокот на новата учебна година упати честитка до учениците, наставниците и родителите. Тоневски посочи дека училишното ѕвонче го означува почетокот на нова година исполнета

ЕУ подготвува поголеми вложувања во критични минерали – Македонија има само една активна инвестиција

Европската Унија планира во следниот седумгодишен буџет да одвои повеќе средства за зајакнување на сопствената независност во снабдувањето со критични минерали. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, повика новата финансиска

Божиновска во Велес: Стручното образование е клучна основа за идниот развој на Македонија

По повод почетокот на новата учебна година, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го посети ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес, каде што се сретна со директорот Горан Богоевски,
Go toTop