Соопштение за јавност 07.6.2023

June 7, 2023
1 min read

Заменик-градоначалникот на Град Скопје, Александар Трајановски и Претседателката на комисијата за меѓународна соработка на Град Скопје, Ирена Витина, денеска остварија средба со претставници од Академскиот регион кои деновиве престојуваат во Скопје за воспоставување партнерства за соработка и размена на наставен кадар, ученици и унапредување на педагошките практики помеѓу македонските и француските средни училишта.

Во соработка со Академскиот регион Оверња-Рона-Алпи во Франција, Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје, како и Националната агенција за европски програми и мобилност, Град Скопје деновиве е домаќин на претставници од Академскиот регион кои воспоставуваат соработка со средното училиште Орце Николов кое има франкофонски билингвални паралелки со Филибер Делорм од Ил Д’Або и Васил Антевски Дрен кое во својата програма нуди изучување на францускиот јазик како втор странски јазик во економско-правната струка во текот на четиригодишното образование со Леонардо Де Винчи – од Вилфонтен, Франција. Покрај овие училишта кои се вклучени во проектот, делегацијата од Академскиот регион освен училиштата со кои ќе се оствари соработка ќе го посетат и средното угостителско училиште Лазар Танев.

ИЗВОР: skopje.gov.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

НАТО се подготвува за најголемата воздухопловна вежба во Европа

Следно

Новиот кабинет на Туркије положи заклетва и стапи на функција

Latest from Blog

Тоневски со честитка до учениците во Пробиштип: Бидете љубопитни, храбри и истрајни

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, по повод почетокот на новата учебна година упати честитка до учениците, наставниците и родителите. Тоневски посочи дека училишното ѕвонче го означува почетокот на нова година исполнета

ЕУ подготвува поголеми вложувања во критични минерали – Македонија има само една активна инвестиција

Европската Унија планира во следниот седумгодишен буџет да одвои повеќе средства за зајакнување на сопствената независност во снабдувањето со критични минерали. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, повика новата финансиска

Божиновска во Велес: Стручното образование е клучна основа за идниот развој на Македонија

По повод почетокот на новата учебна година, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска го посети ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес, каде што се сретна со директорот Горан Богоевски,
Go toTop