Ердоган разговараше со Зеленски, предложи меѓународна истрага за експлозијата на браната „Каховка“

June 7, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, телефонски разговараше со претседателот на Украина, Владимир Зеленски, и во текот на разговорот предложи формирање меѓународна комисија за истрага на експлозијата на браната „Каховка“, јавува Анадолу.

Во соопштението од Канцеларијата за комуникации на Претседателството на Туркије се наведува дека Ердоган и Зеленски разговарале за украинско-руската војна.

За време на разговорот претседателот Ердоган изјави дека би можело да се формира комисија во која ќе бидат вклучени експерти од завојуваните страни, Обединетите нации и меѓународната заедница, вклучително и Туркије, за детална истрага за експлозијата на браната „Каховка“.

Наведувајќи дека како Туркије се подготвени да дадат сѐ од себе во овој поглед, претседателот Ердоган рече и дека може да се следи методот на преговори како во случајот со коридорот за транспорт на жито.

Ердоган истакна дека нема да биде можно да се спречат хуманитарните загуби што се случуваат секој ден додека продолжуваат конфликтите и затоа треба да доминира идејата за враќање на преговорите.

Ердоган изјави дека одлучно ќе продолжи со напорите за воспоставување праведен мир.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Новиот кабинет на Туркије положи заклетва и стапи на функција

Следно

Со децении имаме вонземска технологија

Latest from Blog

Паника на Тајмс Сквер во Њујорк: Жена напаѓа луѓе со нож, тргна и на полицијата- двајца загинати (ВИДЕО)

Според локалните медиуми, осомничената, Памела Циснерос (49), избодела две лица со нож во растојание од само 20 секунди. Прво избодела 68-годишен маж во стомакот додека излегувал од станица на метрото и чекал

Тоневски со честитка до учениците во Пробиштип: Бидете љубопитни, храбри и истрајни

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, по повод почетокот на новата учебна година упати честитка до учениците, наставниците и родителите. Тоневски посочи дека училишното ѕвонче го означува почетокот на нова година исполнета

ЕУ подготвува поголеми вложувања во критични минерали – Македонија има само една активна инвестиција

Европската Унија планира во следниот седумгодишен буџет да одвои повеќе средства за зајакнување на сопствената независност во снабдувањето со критични минерали. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, повика новата финансиска
Go toTop