Новинар повреден во израелски напад во јужен Либан

December 23, 2023
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Најмалку еден новинар е повреден во израелски напад врз јужен Либан денес, јавија локалните медиуми поврзани со групата Хезболах, пренесува Анадолу.

Телевизијата Ал-Манар објави дека откако нејзиниот тим наишол на напад на израелската армија, снимателот Кидир Маркиз се здобил со полесни повреди и веднаш бил пренесен во болницата во Марџајун.

„Нашиот дописник од Марџајун, Алин Самаан, го преживеа непријателското ционистичко бомбардирање, чија цел беше областа Ал-Хардали и реката Литани под Деир Мимас“, објави Либанската национална новинска агенција.

Израелски воени авиони трипати ја таргетирале областа во близина на контролен пункт на либанската армија и привремените мировни сили на ОН во Либан (УНИФИЛ) во долината Ал-Кардали, според Агенцијата.

По нападот, либанската армија презела мерки на претпазливост затворајќи го патот во двата правци со цел да ја осигура безбедноста на цивилите.

На застрашувачкото видео снимено од новинарите кои минуваат низ долината Ал-Хардали се гледа експлозија на бомба која паѓа директно на средината на патот.

Тензиите долж либанско-израелската граница се разгореа со наизменичната размена на оган меѓу либанската група Хезболах и израелските сили во пожестоките судири по војната меѓу двете страни во 2006 година.

Пограничните тензии се случуваат во период на израелската воена кампања во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот, Хамас, на 7 октомври.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Општина Илиден го усвои новиот буџет за 2024 година

Следно

Апасиев ќе се кандидира во првата изборна единица

Latest from Blog

Проданоски: Стотици учесници на јубилејната велосипедска манифестација во Прилеп

Јубилејното 20-то издание на традиционалната рекреативна манифестација „Сите на велосипед“-2026 успешно се одржа денеска во Прилеп, со учество на голем број велосипедисти, млади, деца и љубители на спортот и рекреацијата. Учесниците возеа
Go toTop