Нови дојави за бомби во училишта низ Црна Гора: Откажано екстерното за деветтоодделенците, наставата онлајн

June 9, 2023
1 min read

Евакуирани, како што се додава, се и повеќе градинки во главниот град на земјата, Подгорица, поради наводно поставени експлозивни направи

Нови закани за поставени експлозивни направи утрово пристигнале на електронските адреси на повеќе училишта во Црна Гора, јавуваат тамошните медиуми.

Екипи на црногорската полиција (Илустративна фотографија)/Фото: Твитер

Министерството за образование на Црна Гора соопшти дека поради заканите наставата во училиштата во земјата денеска ќе се одржува онлајн, а откажано е и екстерното тестирање за учениците кои завршуваат деветто одделение, пишува „Вијести“.

Евакуирани, како што се додава, се и повеќе градинки во главниот град на земјата, Подгорица, поради наводно поставени експлозивни направи.

Полицијата на Црна Гора ги презема сите активности од своја надлежност во врска со дојавите за поставени експлозивни направи во повеќе институции“,

се наведува во објавата на полицијата на Твитер, по дојавите за поставени бомби утрово.

Повеќе училишта, судови, општини и институции во Црна Гора и вчера беа цел на дојави за поставени бомби. Поради закана за поставена експлозивна направа, беше евакуирана и зградата на црногорскиот парламент.

По целодневните проверки, полицијата соопшти дека бил извршен увид на 165 локации е утврдено дека станува збор за лажни дојави.

Од црногорското министерство за внатрешни работи, исто така соопштија дека се работи на идентификување на ај-пи адресата од која се испратени електронските поради со заканувачка содржина.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Украина ја повика Русија да им дозволи на ОН и Црвениот крст да пристапат до Херсон за евакуација од поплавите

Следно

Ковачиќ си договори трансфер во Манчестер сити

Latest from Blog

Аксиос: Турција, Египет и Пакистан посредуваат меѓу САД и Иран за смирување на конфликтот

Високи претставници на трите земји одржаа одделни разговори со претставникот на Белата куќа, Стив Виткоф, и шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, наведе извор пренесен од американскиот портал. „Медијацијата е во тек

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,

Проданоски: Заедно против насилството и негативните појави во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека локалната самоуправа продолжува активно да работи на градење доверба, разбирање и заедништво во заедницата, во соработка со Центарот за заедничка основа. Во рамки на
Go toTop