Нова кривична пријава за Перпарим Бајрами, закупил деловен простор за двојно повисока цена од пазарната

February 19, 2025
2 mins read

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе уште една кривична пријава против поранешниот директот на Државна лотарија Перпарим Бајрами, за злоупотреба на службена положба и овластување. Тој се сомничи дека склучил договор за закуп на простории за потребите на акционерското друштво кои не биле соодветни и не биле согласно условите наведени во објавениот јавен повик, а цената за закупот била двојно повисока од реалната пазарна цена.

-Пријавениот П.Б во својство на директор на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА, ја злоупотребил службената положба и овластување на начин што на 05.07.2023 година склучил договор за закуп на административно – деловен простор со правниот субјект ХЕЈ ДООЕЛ Скопје за деловни простории кои не биле адатпирани и спремни за користење за потребите на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА по цена за м2 која е најмалку два пати повисока од реалната пазарна цена и со склучениот договор за закуп на деловни простории не биле запазени посебните услови од јавниот повик, односно, објектот е со поголема површина од бараните услови и не било опфатено дворното место кое преставува посебен услов предвиден во јавниот повик. Пријавениот предвидел посебен услов во Јавниот повик – деловниот објект (административен дел) и магацинскиот простор да се со вкупна просторна површина од најмалку 2.000 до најмногу 2.500 м2 и истиот склучил договор за закуп на објект – деловни простории со површина од 2.426 м2 иако вкупната површина на објектот по Имотен лист изнесува 2.924 м2. Со намера да го изигра посебниот услов од јавниот повик, во текот на 2024 година склучил договор за послуга за останатите 502 м2 од објектот што е предмет на закуп, појаснуваат од управата за финаниска полиција.

Пријавениот П. Б. иако во јавниот повик за прибирање понуди за закуп за деловни простории предвидел посебен услов понудувачот да има сопствено дворното место на објектот и да има простор за најмалку 50 паркинг места за патнички и товарни возила, истото не било опфатено во договорот за закуп склучен на 05.07.2023 година. Пријавениот склучил договор за закуп за деловни простории за 9 евра по м2 иако во тој период цената за м2 за слични објекти по намена и вид во населено место Визбегово се движела од 2.5 до 4.5 евра. Исто така, деловните простории  не биле адаптирани за намената од договорот, односно, објектот – деловните простории требало да бидат реновирани и реконструирани при што за истото пријавениот предвидел и отпочнал Јавна набавка со износ од 1.300.000 евра за реновирање и реконструкција, што би претставувало дополнителен трошок за Државна лотарија.  

-На тој начин, пријавениот П.Б. во својство на директор на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА склучил договор за закуп на  деловни простории кои не биле адекватни за потребите на Државна лотарија и за цена за м2 која е повисока од пазарните цени. По склучување на договорот за закуп на деловни простории од страна на пријавениот иако истите не биле користени од страна на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА согласно намената од договорот за закуп, АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА на правниот субјект ХЕЈ ДООЕЛ Скопје му исплатила 24.636.045 денари, се вели во соопштението од Управата за финсиска полиција. 

Со горенаведените дејствија, пријавениот П. Б предизвикал штета на буџетот на АД ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА по основ склучен договор за закуп на деловни простории кои не биле користени согласно намената од склучениот договор во износ од 24.636.045 денари, 

Министерството за внатрешни работи во декември минатата година распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна Лотарија Перпарим Бајрами кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија. 

Двете лица се недостапни за органите на прогонот.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот претседател Ердоган: Туркије ја преобликува глобалната дипломатија

Следно

Јаневска: Продолжува поддршката за младите за студирање на најдобрите светски универзитети, МОН ги објави конкурсите за стипендии

Latest from Blog

Уличните кучиња го чинат градот 46 милиони денари, Лајка во рок од 6 месеци добива над 700 пријави за заловување

Речиси 46 милиони денари, односно околу 750 илјади евра, исплатиле градските власти во изминатата година, како оштета на граѓани каснати од бездомни кучиња. Само до 24 јуни годинава, јавното претпријатие Лајка, кое

„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

Најновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој. Додека вкупното индустриско производство во јуни

Претседателот на Баерн со критика другите тимови од Бундеслигата

ФОТО: FC Bayern Munich/fb Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, ги критикуваше клубовите од Бундеслигата дека не прават доволно за да ја промовираат лигата во странство преку странски турнеи. 72-годишникот зборуваше на

НА ПОВИДОК Е ДОГОВОР ЗА ОРМУНСКИОТ ТЕСНЕЦ – Американски функционер : Се отвара клучниот воден пат и се обновува извозот на нафта

На повидок е договор за Ормунскиот Теснец, кој наскоро би можел да овозможи повторно отворање на овој клучен воден пат и да го обнови извозот на нафта, прекинат за време на петмесечната

Aктивни се два пожари, четири се изгаснати

Центарот за управување со кризи извести дека денеска до 13 часот, регистрирани се вкупно шест пожари на отворен простор, од кои активни се два, а четири пожари се изгаснати. Активни: Општина Арачиново:
Go toTop