Нинова: Одиме на нови избори, тоа е нормален крај на еден ненормален договор

March 20, 2024
1 min read

 Одиме на нови избори и тоа е нормалниот крај на еден ненормален договор. Ова на новинарите им го коментираше лидерката на „БСП за Бугарија“, Корнелија Нинова.

Таа изјави дека Парламентот е исцрпен и досега не се водени разговори за поддршка за втор мандат со „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“.

„Овие луѓе веќе немаат морал да владеат“, додаде Нинова, осврнувајќи се на коментарите на ПП-ДБ и ГЕРБ-СДС дека тоа е битка за службите, за главниот обвинител, за судскиот систем.

„Ништо од политиката, ништо од луѓето, ништо од економијата, посочи Нинова.

Според неа, ПП-ДБ направиле едно од најголемите предавства во модерната политичка историја – ги излажале илјадниците кои биле на плоштадите и сакале вистинска промена.

„Ова не може да заврши добро. Ние од БСП имаме морално право да го кажеме тоа бидејќи бевме единствените во овие години што не се прегрнавме со мафијата, додаде таа.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претходните денови топ тема беше говорот на ирскиот премиер кој го прекори Бајден во врска со ситуацијата во Газа

Следно

Ванковска: Наводните 25.000 потписи за Силјановска завршија на буниште

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција мора да значи инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна иднина

Праведната енергетска транзиција мора да значи конкретни инвестиции, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Таа информираше дека е одржан координативен состанок со

САД признаваат дека поседуваат оружје во вселената, Русија веднаш повикува на забрана

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков, изјави дека Москва смета оти сè уште не е доцна за правно обврзувачки договор со кој би се забранило распоредувањето на офанзивно оружје во вселената.
Go toTop