Николовски: Шест нови авионски линии од скопскиот и охридскиот аеродром

October 25, 2024
1 min read

Шест нови авионски линии со Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул ќе бидат отворени следната година од Скопје и Охрид најави министерот за транспорт, Александар Николоски.

Четири нови авионски линии се однесуваат на скопскиот аеродром, каде два пати неделно од 30 март ќе се лета на релација Скопје-Дубаи-Скопје, исто како и од 30 јуни Скопје-Барселона-Скопје,три пати неделно Скопје-Лион-Скопје и Скопје-Штутгард-Скопје.

На охридскиот аеродром, на релација Охрид-Базел-Охрид ќе се лета два пати неделно и како најголема новина е линијата Охрид-Истанбул-Охрид од 30 март четири пати неделно.

Државата субвенционира 12 евра по патник на доаѓање на охридскиот аеродром и 9 евра за скопскиот аеродром.

Во процес на подготовка е и втор повик кој треба да се објави кон крајот на ноември и да донесе нови дестинации додаде Николовски.

Во моментов, на скопскиот аеродром во лето оперираат 47 дестинации, а на охридскиот осум, додека, во зимскиот период 38 од скопски и четири од охридскиот аеродром.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонија има втор и петти најдобар кадет во европското олимписко таеквондо

Следно

Eвакуиран aеродромот во Сараево поради дојава за поставена бомба

Latest from Blog

Повторно ќе сведочи ,,клучниот” сведок за грабнувањето на внукот на Љубе Бошкоски, Самоил

Поминаа три години од денот кога му се изгуби секаква трага на Самоил Костадиновски, кој е внук од брат на сопругата на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Тој бил киднапиран,

Проданоски: Заедно против насилството и негативните појави во Прилеп

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека локалната самоуправа продолжува активно да работи на градење доверба, разбирање и заедништво во заедницата, во соработка со Центарот за заедничка основа. Во рамки на
Go toTop