Николоски побара обвинителството да го истражи криминалот во претпријатието „Државни патишта“, поврзан со патот Скопје-Блаце

November 5, 2024
1 min read

-Многу е важно што денеска на меѓуинституционално ниво го официјализираме почетокот на реализацијата на овој стратешки проект за Република Македонија. Временското растојание помеѓу Скопје и Приштина, од сегашните два часа, го прави само 45 минути, рече Бујар Османи, вицепремиер за европски прашања.

Ова е само еден дел, едно од десетината ветувања, каде со мапи и промотивни материјали се најавува почеток на изградбата на автопатот Скопје-Блаце, за кој се зборува со децении.

Од оваа конференција до денес поминаа четири години, но патот не е завршен. За 4 години биле изградени само 2 километри, а завршиле во дупка длабока 50 метри. Останатите 10,5 километри кои треба да продолжат до кружниот тек Станковец не се ни започнати.

Министерот за транспорт Александар Николоски во интервју за Алсат вели дека функционери на ДУИ и одредени структури од поранешната власт сакале да заработат со проектот за изградба на овој автопат. Во документите се вели дека Банката за обнова и развој од 2019 година ги одобрила средствата за изградба на овој пат и тие се достапни од 2021 година, но сепак сликата на терен е поинаква. Изградени се само 2 километри кои завршуваат во безна. Николоски обвинува дека поранешниот директор на државни патишта, Ејуп Рустеми, намерно го менувал проектот за да го поскапи проектот.

Николоски презентираше документ на компанијата за консултантски услуги СУЕЗ, која е избрана од ЕБОР за давање техничка помош за овој проект, што потврдува дека патот може да чини од 70 до 120 милиони евра повеќе од предвидената сума.

Во меѓувреме, во другиот допис е изразена загриженост за проектирање на шест тунели на овој патен правец, кои не ги исполнуваат стандардите.

Министерот нагласи и дека поседува документи за начинот на движење на имотот, од кои, како што рече, јасно се гледа како голем број имоти на трасата се препродадени на други сопственици. Тој рече дека го известил Обвинителството од кое бара да го истражи криминалот на „Државни патишта“.

Извор: Алсат телевизија

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Седумте свинг држави ќе го одлучат победникот на изборите во САД, вели Вангелов од Американ Колеџ

Следно

Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Галант, на негово место го назначи министерот за надворешни работи Кац

Latest from Blog

Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000

Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување

Казна со бодови не е доволна: Премиерлигашите бараат исфрлање на Манчестер сити?!

Ривалите на Манчестер Сити сметаат дека обично одземање бодови не би било доволна казна за прекршоците за кои клубот беше прогласен за виновен. Независна комисија го прогласи Сити за виновен за сериозни

Се урна воен авион со 32 патника во Нигерија- пронајдени се делови на тела (ВИДЕО)

Воен авион со 25 патници и седум членови на екипажот се урна во јужна Нигерија, што предизвика масовна операција за пребарување и спасување, соопштија властите, според Independent.co.uk. Министерот за воздухопловство на Нигерија,
Go toTop