Николоски: Паралено ќе работиме на реконструкција и изградба на брза пруга на Коридор 10

October 4, 2024
1 min read

Пругата на Коридор 10 е приоритет и затоа ќе ги вложиме сите напори оваа пруга да биде извор на приходи за државата и целата економија. За да нема застој во железничкиот транспорт, паралелно ќе ја реконструираме пругата од Табановце до Гевгелија, а во исто време ќе работиме и на изградба на нова пруга на Коридор 10. Ова го истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за поткастот “Каде се парите”.

Проект за реконструкција има, истакна министерот Николоски и додаде дека проектот предвидува брзина на возовите од 80 km за карго превоз и 120 km за патнички превоз. Дополнително истакна дека проценетата вредност би изнесувала околу 250 милиони евра и ќе се изврши комплетна реконструкција на потегот Табановце-Гевгелија.

“За 2 до 3 години ќе ја реконструираме целата делница од Табановце до Гевгелија. Проект имаме, ЕУ дава позитивни сигнали да финансира преку ИПА 3 компонентата од каде би можеле да добиеме околу стотина милиони евра, а околу 150 милиони евра треба да ги обезбедиме од домашниот буџет. Реконструкцијата подразбира целосна смена на пругата, реконструкција на седум моста, добро е што има постојана електрификација и ќе се постави ИТС систем. И ова е реално и вака мораме да правиме паралелен процес додека градиме нова пруга за да не ни се случи примерот со Србија кога карго превозот запре додека вршеа реконструкција на пругата Белград – Ниш”- истакна Николоски.

Во однос на изградбата на брза пруга тој потенцираше дека потребата од брза пруга е огромна за Македонија, за целиот регион и Европа, која пак ја препознала оваа идеја и е подготвена да ја финансира. Исто така министерот во поткастот објави дека за брза пруга постоел проект од 1978 година со 4 линии.

“Треба допрва да има физибилити и предфизибилити студија. Мое лично мислење е дека треба да одиме со пруга над 200 km на час. И мислам треба да одиме по наједноставниот терен, а тој би бил од Табановце па да се спушти под Куманово до Свети Николе, потоа Штип, Радовиш, Струмица и да се врзе на Миравци, Гевгелија и Солун. Секако треба да се направи триаголник кој ќе го поврзе Скопје со брзата пруга. Дали тоа ќе го покаже предфизибилити и физибилити студијата не знам, но мислам дека ова е најлогичното решение.
Во однос на цените, со овие цени сега брза пруга би чинела околу 2,3 до 2,5 милијарди евра, а за оперативна да биде од почеток на градба до прва операција на воз, би ни требало околу 5 години. Во однос на финансирањето знам дека нема да бараме пари од Кина, Русија и Саудиска Арабија. Ако ЕУ сака да ја финансира е добродојдена, но прво мора да го обезбедиме финансирањето пред да почнеме да ја градиме”- истакна министерот Николоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Подобрување на здравствениот систем за 100 дена Влада

Следно

Само скопскиот аеродром со намален број на патници во октомври

Latest from Blog

По речиси 90 години, Галуп веќе не ја мери поддршката за американските претседатели

„Галуп“, пионер во анкетите за поддршка на претседателите во Соединетите Американски Држави од 1930-тите, го менува својот фокус поради растечките закани од сегашниот претседател Доналд Трамп против анкетарите кои објавуваат неповолни резултати.

Викендов врнежи од дожд и заладување

Променливото време продолжува да доминира низ Македонија. Според најновите метеоролошки податоци, претстојниот викенд ќе донесе дестабилизација, врнежи од дожд и забележително заладување. Врнежи: Се очекуваат локални врнежи од дожд, кои на места

Корубин: Системски се губат критериумите поради кои Охрид е ставен на листата на заштитени подрачја

Ние во основа ги губиме, да не кажам дека ги изгубивме, причините поради кои Охрид и Охридскиот регион, тоа денеска се три општини – Охрид, Струга и Дебрца, огромна територија, се ставени

Кикс на Арсенал кај Брентфорд, сега Сити е само на -4!

ФОТО:facebook.com/brentfordfootballclub1889/ Арсенал не успеа да победи на гостувањето кај Брентфорд, бидејќи одигра само 1:1 во 26-то коло од Премиер лигата, намалувајќи ја својата предност во однос на второпласираниот Манчестер Сити на само

Касами најави нова фаза во ВЛЕН по распуштањето на партиското раководство на БЕСА

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови донесе одлука за распуштање на Централното претседателство на партијата, во рамки на процесот за спојување на коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект. Претседателот на
Go toTop