Николоски најави: Следната пролет ќе се вози по првите делници од автопатот Прилеп-Битола

May 31, 2026
1 min read

Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и според предвидените рокови, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат завршени веќе следната пролет. Ова го истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски при посетата на Општина Могила.

Тој оцени дека проектот е од големо значење за развојот на Пелагонискиот регион и ќе придонесе за подобра сообраќајна поврзаност меѓу повеќе општини.

„Динамиката на изградбата на автопатот Прилеп-Битола е одлична, работиме со одлично темпо, роковите ќе бидат запазени. Очекувам веќе следната пролет да ги имаме првите километри автопат на овој потег, што многу ќе значи за движењето, за економијата и за поврзувањето не само на Прилеп и Битола, туку и на општините Могила и Новаци, како и на Ресен и Демир Хисар“, изјави Николоски.

Според него, новата автопатска делница ќе овозможи побрз и побезбеден транспорт, ќе ги подобри условите за движење на граѓаните и ќе отвори нови можности за економски развој.

Николоски нагласи дека инфраструктурните инвестиции се клучни за рамномерен регионален развој, посочувајќи дека Пелагонија претставува еден од најзначајните економски региони во државата.

„Тоа многу ќе значи за заживувањето на целиот овој регион и за поттикот на економијата, имајќи предвид дека значаен дел од економијата е токму во Пелагонискиот регион“, додаде Николоски.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Празнична атмосфера во Костомар: Тоневски со честитка за Духовден

Следно

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

Latest from Blog

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

Денеска сме тука на покана на претседателот на НСДП, Горан Мисовски, се одржува изборниот конгрес на партијата. Јас им честитам за целата досегашна работа и благодарам за коалициската поддршка која што ја

Празнична атмосфера во Костомар: Тоневски со честитка за Духовден

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, по повод големиот христијански празник Духовден го посети манастирот во Костомар, каде заедно со бројни верници присуствуваше на светата богослужба и ја сподели празничната радост. По

Над 23,9 милиони денари промет и 124 трансакции на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 26.05.2026 до 28.05.2026 година, вкупниот промет на сите пазари изнесуваше 23.919.260 денари. Во неделниот извештај
Go toTop