Николоски: Добро е што обвинителството влезе во РЕК Битола, таму кај и да чепнат ќе најдат криминал

December 12, 2024
1 min read

Одговорност за криминалот во РЕК Битола ќе има и добро е што обвинителството смогна сили да влезе во еден ваков случај. Јас очекувам да продолжат. Во РЕК Битола мислам дека кај и да фатат има криминал, не затоа што јас во опозиција многу зборував на темата, туку затоа што се работи за факти, изјави во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, министерот за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Тој посочи дека поранешниот директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, кој е во бегство нема каде да оди ќе биде испорачан на правдата и дека тој и сите останати ќе одговараат поради криминалот кој што се случувал во изминатиов седум годишен период.

Николоски додаде дека поради криминалот во РЕК Битола и во целиот енергетски сектор имаше огромно покачување на цената на струјата.

-Видете само колку порасна цената на електричната енергија, производствена и се ќе ви стане јасно. И видете како ЕЛЕМ од компанија која што остваруваше профит во времето на Христијан Мицкоски како директор на ЕЛЕМ стана компанија загубар. Последен којшто купуваше механизација е сегашниот премиер кога беше директор на ЕЛЕМ и тоа е една од причините зошто тогаш ЕЛЕМ успешно функционираше, но тие прашања мора да се затворат затоа што цената на електричната енергија влијае на целото стопанство, не влијае само на домаќинствата, рече Николоски.

Николоски посочи на три многу важни проблеми кои што се имаат случено во РЕК Битола.

-Прво беше компанијата која што ги набави адитивите, второ беше квалитетот на адитивите и затоа 95% воопшто не се употребија, а се платија. И трето тие 5% што се употребија, уништија дел од производствените постројки и во Осломеј и во Битола, истакна Николоски.

Николоски се осврна и на тоа дека се работи на патната инфраструктура во државата и дека коридорите 8 и 10д ќе се изградат за многу брзо време.

-Кога станав министер, 300 милиони евра им беа платени на конзорциумот „Бехтел и Енка’’, метро немаа изградено. И јас да го раскинев договорот, на арбитража ќе не дадеа, како од шала уште 100-150 милиони евра ќе ни земеа, и ние ќе потрошевме како држава 400-450 милиони евра за нула километри автопат. Тоа ќе беше душмански однос кон македонските граѓани и Буџет, заклучи Николоски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Митот за Ахмети се сруши со ставањето на Груби на црната листа на САД“

Следно

Американскиот државен секретар Блинкен пристигна во Туркије на разговори за Сирија и Газа

Latest from Blog

Тошковски: Почнуваат силни сообраќајни контроли, сите како општество да креираме побезбеден сообраќај

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа ги посети полициските службеници кои учествуваат во обемната акција која МВР ја започна од вчера на силни сообраќајни акциски контроли низ главниот град. „Седумнаесет главни

Доналд Трамп потпиша извршна наредба за забрана на трансродовите спортисти

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која на трансродовите спортисти им се забранува учество во женски спортови. „Поради оваа извршна наредба, војната против женскиот спорт е завршена“, рече Трамп додека

ПСЖ потпиша со шведски репрезентативец

Ракометниот клуб на ПСЖ, објави дека левото крило од Шведска, Емил Мелеград, ќе биде новиот играч во редовите на ,,светците”. Швеѓанецот во тимот на Раул Гонзалез ќе пристигне на лето, а двете
Go toTop