Американскиот државен секретар Блинкен пристигна во Туркије на разговори за Сирија и Газа

December 12, 2024
1 min read

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вечерва пристигна во турската престолнина Анкара на средба со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, известува Анадолу.

Блинкен на аеродромот го пречекаа генералниот директор на Секторот за протокол на Министерството за надворешни работи на Туркије, амбасадорот Ахмет Џемил Мироглу, Мајкл Голдман, вршител на должноста во амбасадата на САД во Анкара и неколку други официјални лица.

Најавено е дека Блинкен, кој го посети Јордан пред да дојде во Туркије, во петок ќе се сретне со шефот на турската дипломатија Фидан.

Се очекува посетата на Блинкен да биде фокусирана на процесот на транзиција по падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија и политичкиот процес во земјата, како и можниот договор за прекин на огнот во Газа, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Фидан и неговиот американски колега Блинкен телефонски разговараа за последните случувања во Сирија на 7 и 10 декември.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Николоски: Добро е што обвинителството влезе во РЕК Битола, таму кај и да чепнат ќе најдат криминал

Следно

Мбапе се повреди, го пропушта Интерконтиненталниот куп

Latest from Blog

Ханси Флик отпиша тројца играчи на Барселона

Според шпанските медиуми, веќе е јасно кои играчи нема да бидат во плановите на тренерот на Барселона Ханси Флик за следната сезона, а списокот веројатно ќе биде уште поголем. На листата на

Николоски: Од нула локомотиви, за шест месеци успеавме да вратиме 14 локомотиви и возови на македонските пруги

За само шест месеци успеавме да оспособиме 8 активни локомотиви за карго превоз и 6 патнички возови. Претходно имаше нула локомотиви и само еден воз. Тоа е разликата на нашето работење, истакна

Николоски: Годинава започнуваме со изградбата на автопатот Кичево – Букојчани, Скопје и Охрид целосно ќе ги поврземе со автопат

Започнуваме да градиме целосно нов автопат од Кичево до Букојчани. До напролет или до летото ќе избереме изведувач, во меѓувреме обезбедивме поволен кредит од ЕБРД и неповратни средства исто така од ЕБРД

И Македонија контра Трамп – потписник на поддршката за Меѓународниот кривичен суд

Македонија е меѓу 79-те држави кои изразија поддршка за независноста и непристрасноста на Меѓународниот кривичен суд (МКС), откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции против оваа институција. Според објавата на Министерството за

Пикот на грипот доаѓа на крајот од следната недела

Пикот на грипот се очекува кон крајот на следната недела алармираат докторите. Болничките кревети на Инфективна клиника се полни, речиси сите пацинети со инфлуенца на кои им треба болничко лекување се невакцинирани
Go toTop