Николас Кејџ глуми во хорор за детството на Исус, објавен е првиот тизер (ВИДЕО)

August 28, 2025
1 min read

Имено, студиото „Магнолио пикчерс“ вчера го објави првиот тизер за филмот „Синот на дрводелецот“, библиски хорор инспириран од апокрифното Евангелие по Тома, кое го реинтерпретира детството на Исус Христос на морничав начин.

Библиски хорор во кој глуми Кејџ

Според CBR, филмот во режија на Лотфи Натан („Харка“, „Момчиња од 12 часот“) се одвива во Египет за време на римското владеење, пред приближно 2.000 години. Кејџ го портретира ликот на енигматичниот дрводелец – татковска фигура која се обидува да го заштити своето семејство, додека ФКА Твигс ја презема улогата на мајка, а Ноа Џупе го игра нивниот син, познат едноставно како Момчето.

Заплетот се развива кога Момчето почнува да се сомнева во своите родители и ги открива своите натприродни моќи. Неговиот бунт против дрводелците ја отвора вратата кон разни хорори – и природни и божествени.

Првиот тизер, долг само триесет секунди, не открива многу, но остава силен впечаток кај гледачот. Го гледаме Кејџ како го гледа изгрејсонцето и момчето од далечина, што веднаш го нагласува централниот конфликт на филмот – затегнатиот однос помеѓу татковска фигура и синот чии моќи се надвор од човечкото разбирање.

Контроверзност и глумечката екипа

Покрај главното трио, во филмот се појавуваат Сухејла Јакуб, Пенелопе Маркопулу, Каити Манолидаки и Ерато Цивелеки во споредна улога на дете, додека гласот на ангелот го дава Томер Лев Тов. Филмот ветува интимна, но во исто време и застрашувачка приказна за семејство чиј свет се распаѓа под тежината на тајните, моќта и судбината.

Поради реинтерпретацијата на детството на Исус, се очекува „Синот на дрводелецот“ да предизвика жестоки дебати, особено во религиозните кругови.

Инцидент со рој пчели

Продукцијата беше проследена со бизарна работа. Како што пишува MovieWeb, за време на снимањето во Грција, Кејџ бил нападнат од рој пчели во пештера, поради што снимањето морало да се премести на друга локација. Иронично, инцидентот многумина ги потсети на неговата озлогласена улога во римејкот на хорор филмот „The Wicker Man“ од 2006 година, познат по сцената со пчелите.

Иако точниот датум на објавување сè уште не е познат, најавено е дека „The Draver’s Sin“ ќе пристигне во кината на есен 2025 година. Со оглед на впечатливиот тизер, единствената тема и мрачната атмосфера, јасно е дека нè очекува еден од најнеобичните хорор филмови на годината.

Извор: vecer.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Временската капсула на принцезата Дијана е отворена ПРЕРАНО

Следно

Црниот пантер повторно ги плаши Бугарите, алармот е вклучен и во Романија

Latest from Blog

ПОЗНАТА ШЕМА? Погледнете што CNN забележа на Flight Radar околу Куба

Летовите на американската воена разузнавачка служба покрај брегот на Куба нагло се интензивираа, се наведува во анализата на CNN на јавно достапните податоци за воздушниот сообраќај. Од 4 февруари, морнарицата и воздухопловните

Дел од Кисела Вода во понеделник без струја – ЕВН најави прекин

Од ЕВН Македонија АД информираат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од жителите на Општина Кисела Вода. Според најавата, прекинот ќе биде во периодот

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска
Go toTop