Ни помалку ни повеќе, директорот Арифи барал 100.000 евра за прием на пациентот, предложил продажба на станот

April 10, 2025
1 min read

Од Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција соопштиваат дека има истрага против директорот на Геријатриската болница, Мухсин Арифи, за кривичното дело примање поткуп. Истрага е покрената и за уште едно лице кое помогнало во извршувањето на кривичното дело. Според информациите од Обвинителството, директорот Арифи во периодот од 19.03.2025 до 08.04.2025, неколкупати побарал значителни финансиски придобивки за себе, за задача која бил обврзан да ја изврши. Арифи неколку пати директно побарал пари од сведокот во случајот кој бил давател на доживотна издршка за лицето кое било тешко болно. Кога состојбата се влошила тој им предложил да го продадат станот на болното лице и да му исплатат 100 илјади евра.

Во соопштението до медиумите од Јавното обвинителство, информираат:

„По неколку дена, второосомничениот добил повик и закажал состанок со директорот на болницата на 19.03.2025, во доцните часови, во ресторан во Скопје. На состанокот, првосомничениот рекол дека знае дека пациентот е во добра материјална состојба и имал информации за имотот кој го поседувал, со што, ветил негов прием ако му се дадат 100.000 евра. Жената сведок реагирала дека тоа се многу пари, по што директорот предложил дека оваа сума може да се обезбеди од продажбата на станот кој го поседувал пациентот, што не било опција бидејќи станот бил дел од договор за доживотна издршка“, соопшти Јавното обвинителство

Како што информираат понатаму од Обвинителството, на 3 април повторно имало средба помеѓу сведокот и помагачот, како личност во која директорот имал целосно доверба, додека на 4 април, повторно сведокот се сретнал со двата осомничени.

Било договорено дека сведокот ќе даде 20.000 евра како гаранција за приемот на пациентот во болница, додека ако првоосомничениот „со неговите контроли“ утврди дека пациентот поседува и друга недвижност, таа недвижност да се продаде и да се обезбеди бараната сума од 100.000 евра. Според овој договор, на 08.04.2025, жената сведок се сретнала со второосомничениот, кој влегол во нејзиното возило и во име на директорот ја примил сумата од 20.000 евра, по што на местото на настанот бил фатен од страна на полициските службеници, “ велат од Обвинителството.

Мухсин Арифи, на чело на Геријатриската болница дошол во јули минатата година, како кадар на Алијансата за Албанците, од крилото на Таравари.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 113 загинати во несреќата во ноќен клуб во Доминиканската република

Следно

Панатинаикос го продолжи договрот со двајца кошаркари

Latest from Blog

Љубовницата од концертот на Колдплеј ѝ се нафрли на Гвинет Палтроу (ВИДЕО)

Кабот, чиј приватен и деловен живот е нарушен по виралниот инцидент со таканаречената „камера за бакнување“ на концертот на „Колдплеј“, ја нарече актерката лицемерка. „Како се осмелува?“ Во серија нови интервјуа, Кабот

(Видео) Сепак постојат: Прв пат снимена ЦЕРЕМОНИЈА НА ИЛУМИНАТИТЕ

Со години, Илуминатите ја пречекоруваа границата помеѓу митот и реалноста. Гласини, теории, шепотења и фрагментарни сведоштва сочинуваа темен мозаик, но внатрешноста никогаш не беше осветлена. Сè до денес, објавува Прототема. Во новата

Домашно реми на Валенсија против Мајорка

Тимот на Валенсија, за кој денеска Столе Димитриевски не беше ниту на клупата за резерви предмалку пред своите гледачи во рамките од новото коло од шпанската Примера одигра нерешено 1:1. Домаќинот имаше

Андоновски: Првпат ќе промовираме владин центар за одговор на сајбер инциденти

Владин центар за одговор на сајбер инциденти ќе биде промовира во првата половина од наредната година, најави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. -За многу скоро. Веќе завршуваме со дел од

ФФМ: Пласманот на Шкендија е голем успех за македонскиот клупски фудбал

Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот претседател Масар Омерaгиќ упатија честитки до фудбалскиот клуб Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции. Од ФФМ оценуваат дека остварениот успех
Go toTop