Најмалку 113 загинати во несреќата во ноќен клуб во Доминиканската република

April 10, 2025
1 min read

Расте бројот на загинати и повредени во катастрофалната несреќа во Доминиканската република. Повеќе од 100 лица загинаа а преку 150 се повредени откако се урна кров на дискотека, додека внатре во објектот, концерт имал Руби Перез, познат пејач од Јужна Америка.

20тина часа по несреќата, спасувачките екипи со помош на термални камери и кучиња – трагачи, се обидуваат да стигнат до преживеани кои се уште се заглавени под урнатините.

„Се додека има уште надеж, ќе продолжиме да работиме. Има знаци кои нè наведуваат да веруваме дека сè уште може да има преживеани.“ – Хуан Мануел Мендез директор на агенцијата за помош при катастрофи.

Причините за несреќата се уште се утврдуваат а досега е потврдено дека меѓу настраданите, покрај пејачот, биле и регионалната гувернерка на провинцијата Монте Кристи, Нелси Круз, како и поранешниот бејзбол играч Тони Бланко, кој играл во САД девет години и уште осум во Јапонија.

Според тамошните медиуми, клубот кој се викал „Џет сет“, почнал со работа во 1973 година и досега два пати бил реновиран, во 2010 и 2015 година.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Израелската полиција насилно ги растера демонстрантите во Ерусалим кои бараа крај на војната во Газа

Следно

Ни помалку ни повеќе, директорот Арифи барал 100.000 евра за прием на пациентот, предложил продажба на станот

Latest from Blog

Мечот Франција – Ирак е прекинат!

ФОТО:facebook.com/equipedefrance/ Поради лошите временски услови, силен дожд и грмотевици, мечот во Филаделфија е прекинат на најмалку половина час и тоа непосредно пред да почне второто полувреме. Сепак останува да видиме дали и

Трамп: „Ќе се согласат на сè…“

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека Иран ќе се согласи на обемни инспекции за оружје. Трамп ги даде забелешките во неодамнешна објава на неговиот профил на социјалните мрежи „Truth Social“. Преговарачите од

ЈАДЕЛ ОТРОВНИ ПЕЧУРКИ: Рускиот новинар кој откри дека Владимир Путин имал љубовница – почина

Григориј Нехорошев, шеесет и деветгодишен руски новинар и поранешен главен уредник на згаснатиот весник „Москва кореспондент“, почина во петокот во Рига, главниот град на Латвија, откако конзумирал отровни печурки што ги собрал
Go toTop