Независен полициски синдикат: Политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите

February 24, 2024
1 min read

Политиката и политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите, а работниците да не се злоупотребуваат за политички цели, реагираше денеска Независниот полициски синдикат по вчерашната ненајавена посета на техничкиот премиер Талат Џафери на СВР Тетово.

– Оваа прес-конференција ја одржуваме во врска со вчерашниот преседан кој беше направен од страна на техничкиот премиер, кој неовластено упадна и неовластено снимаше вработени кои ги извршуваа своите работни задачи во СВР Тетово, изјави денеска претседателот на Синдикатот, Гоце Делчев.

Од Синдикатот бараат министерот и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи да застанат во одбрана на работниците.

– Да реагираат и да ги спречат притисоците врз нив, како би ги покажале на дело декларативните заложби на кои укажаа уште првиот ден од техничката Влада, рече Делчев.

Техничкиот премиер вчера беше во ненајавена посета на СВР Тетово, а во изјава за медиумите рече дека констатирал оти во СВР Тетово недостига организација во извршување на задачите на дневна основа.

– Како што најавив во Владата, институциите да не се изненадат што без најавување ќе ги проверувам вршителите на работите и обврските што ги имаат. Општ впечаток е дека недостига организација во извршувањето на задачите на дневна основа и релевантната институција во однос на организацијата ќе треба да се потруди примањето на документите да се одвива во една форма и обезбедувањето на готови документи во друга форма. Луѓето чекаат да бидат информирани, изјави Џафери, додавајќи дека не е во негова надлежност да бара одговорност од вработените, но дека ќе побара одговор од надлежните министри и заменици министри.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Институциите на ЕУ осветлени во боите на знамето на Украина

Следно

Тешка сообраќајка во Битола, има повредени

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop