Невремето што направи хаос во Словенија и во Хрватска, доаѓа и во Србија: Издадено предупредување да не се излегува надвор

July 19, 2023
1 min read

Невремето веќе одзеде најмалку три животи во Словенија и во Хрватска

Шид, Србија / Фото: Instagram/192_rs / Извор: „nova.rs“

Невремето кое остави пустош во делови од Хрватска, пристигнува и во Србија.

Над градот Шид, кој се наоѓа во близина на српско-хрватската граница, како што јавуваат српските медиуми, веќе надвиснале темни облаци, а се слушаат и звуци.

Министерството за внатрешни работи (МВР) на Србија претходно издаде предупредување до граѓаните да се подготват за невреме и да не излегуваат од дома без потреба.

„Највисок, црвен степен на предупредување се издава пред сè за Срем, Мачва и Подриње, каде што се очекува невремето да пристигне околу 19 часот. Оттаму, преку југот на Војводина, Западна Србија, Шумадија и Белград бргу ќе се пресели на истокот“,

соопшти српското МВР.

Според предупредувањето, може да се очекуваат краткотрајни, но интензивни врнежи, крупен град, силни грмотевици, но и силен ветар кој може да предизвика значајна материјална штета загрозувајќи ја исто така и безбедноста на луѓето.

Претходно во текот на денот, словенечките медиуми јавија дека во невремето што ја зафатило оваа држава загинало едно лице во туристичкото место Блед. Во Хрватска, поточно во Загреб, пак, досега е познато дека животот го загубиле две лица.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Исмет Гури заврши во притвор

Следно

Зошто Камчев се најде на „црната листа“ на САД: Интензивно се занимава со корупција, вклучително и со перење пари од раните 2000-ти

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop