Нешнл џиографик ги отпушти и последните автори од редакција

July 26, 2023
1 min read

Моментално во магазинот се останати неколку уредници а сите идни содржини ќе бидат изработени од фриленс автори. Отпуштањата се дел од мерките за штедење воведени од мајката компанија, Дизни.

Проблемот на Нешнл џиографик е што не успеа да се снајде како што треба во дигиталното доба и да стигне до ресурсите кои се неопходни за да ја продолжи работата и известувањето со квалитетот од изминатите над 130 години.

„Во молскавичниот свет на дигиталните медиумите, Нешнл џиографик остана речиси уметнички производ – месечен магазин чии фотографии, графика и текстови понекогаш се резултат на месеци истражување и известување,“ пишува Пол Фари во текстот за Вашингтон пост.

Како дел од штедењето магазинот ги прекинал договорите за фотографија, кои им овозможуваа на фотографи со месеци да бидат излезени на терен за да ги направат иконските фотографии по кои е познат медиумот. Под иста капа паѓа и решението магазинот повеќе да не се дистрибуира по трафики.

Нешнл џиографик е основан од НГС фондацијата (National Geographic Society) составена од 33 академици, научници и авантуристи во 1888. Во 1930-те, тој веќе има 1 милион претплатници. Во својот пик во 1980-те, магазинот има 12 милиони претплатници во САД и уште милиони низ целиот свет. На крајот од 2022, тој има нешто помалку од 1,8 милиони претплатници.

Во 2015 НГС му продава мнозински удел на 21 Сенчури фокс за 725 милиони долари. Од тогаш почнуваат и константните корпоративни промени во организацијата, кои завршија со неодамнешната одлука за отпуштање и на последните автори.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Почнуваат „Илинденски денови“ во Битола

Следно

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Скопје се сеќава: Пред точно 60 години градот беше погоден од разорниот земјотрес

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop