Немања Видиќ е кандидат за нов претседател на Фудбалската федерација на Србија, еве кој е неговиот противник

1 min read

Прославениот српски фудбалер Немања Видиќ официјално се вклучи во трката за претседател на Фудбалската федерација на Србија (ФСС) во која негов против кандидат ќе биде легендарниот Драган Џајиќ.

„Ја поднесов потребната документација, а в понеделник ќе го доставам и мојот предлог состав за членови на Извршниот одбор“, потврди попладнево во изјава за локалните медиуми 41-годишниот Видиќ, кој во својата кариера беше капитен на српската репрезентација и на Манчестер јунајтед.

Претходно оваа недела, Фудбалскиот сојуз на Белград соопшти дека официјално го кандидирал легендарниот југословенски репрезентативец и еден од најдобрите фудбалери во историјата на Црвена ѕвезда, Драган Џаиќ (76) за претседател на ФСС.

Изборите за прв човек на српскиот фудбал се закажани за 14 март, а рокот за поднесување кандидатури истекува в понеделник. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Не ги намалиле цените на храната: Предложено укинување на субвенционираната струја за прехранбената индустрија

Следно

Ердоган во Истанбул се состана со членовите на Претседателството на БиХ

Latest from Blog