Божиновска: Енергетиката се трансформира во систем на доверба и стабилност

May 5, 2026
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, порача дека државата гради модерен енергетски систем базиран на стабилност, доверба и одржливост.

На состанокот на Секторската работна група за енергетика, одржан во Владата, била потврдена силната институционална координација, како и јасно дефинираните приоритети за наредниот период во партнерство со меѓународната заедница.

„Фокусот е ставен на имплементација, резултати и мерлив напредок“, истакна Божиновска.

Како што посочи, веќе се реализирани значајни чекори, меѓу кои усвојување на Интегрираниот национален план за енергија и клима за периодот 2025–2030, воспоставување нова законска рамка усогласена со европското законодавство, како и интензивирање на инвестициите во обновливи извори на енергија.

Дополнително, нагласи дека има напредок во интерконекциите и зајакнувањето на енергетската безбедност, како и конкретни активности во делот на праведната транзиција и енергетската ефикасност. Министерката потенцира дека останува приоритет забрзувањето на реформите, зголемувањето на инвестициите и целосната интеграција на земјата во европскиот енергетски пазар.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Државата гради стабилен и ефикасен енергетски систем

Следно

Проданоски: Македонскиот јазик е темел на нашиот идентитет

Latest from Blog

Пелистер станува четирисезонски туристички центар со план за гондола од 58 милиони евра

Денеска се одржа 3-та работилница за изработка на физибилити студијата за изградба на гондола на „Пелистер“. На работилницата беше презентирана нацрт верзијата на деталната анализа од подготовката на физибилити студијата од страна

Виноскоп ја отвора сезоната на отворено со петдневна фестивалска програма

Фестивалот Виноскоп, кој со години е едно од најпрепознатливите градски места за вино, музика и урбано дружење, следната недела во Градски парк ни носи богата музичка програма. Во текот на пет фестивалски

Трамп: „Победивме“

Во телефонско интервју за „CBS News“ вчера попладне, Трамп одби да каже дали примирјето со Иран е завршено откако Иран испали ракети кон Обединетите Арапски Емирати, но рече дека војната може да

Димитриеска-Кочоска: Македонската економија се очекува да продолжи со стабилен раст

5 мај 2026 година, Скопје– Одржливите јавни финансии и макроекономската стабилност се клучни во услови на зголемена глобална неизвесност, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во своето обраќање на Економскиот и финансиски
Go toTop