Пелистер станува четирисезонски туристички центар со план за гондола од 58 милиони евра

May 5, 2026
1 min read

Денеска се одржа 3-та работилница за изработка на физибилити студијата за изградба на гондола на „Пелистер“.

На работилницата беше презентирана нацрт верзијата на деталната анализа од подготовката на физибилити студијата од страна на домашни и странски експерти кои доаѓаат од Франција, Андора и Словенија.

„Пелистер да биде четирисезонски туристички центар, не само од регионално, туку од национално значење. Условите се одлични, треба да се направи туристичка инфраструктура која ќе им овозможува на сите луѓе да имаат пристап на Пелистер“ рече Франц Фурлани, експерт од Словенија.

Анализите покажале дека средствата кои би се вложиле брзо може да се вратат. Вредноста на изградбата на гондолата би чинела околу 58 милиони евра. Почетната точка е некаде кај Цапари до Ловечка куќа, а другата траса од Ловечка куќа до Антена.
Едната гондола би била за 10 луѓе до Лочевчка куќа, а поголемата за 80 луѓе до врвот на Пелистер.

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кажа дека изградбата на гондолата би била само еден дел во системот на четисезонскиот туризам на Пелистер како национален парк.

„И овој проект како што слушнавте и самите, не е само локален, општински, ниту регионален, туку можеби треба да биде национален, што ќе значи многу за развојот на овој прв национален парк во Македонија, што ќе го заживее регионот и државата во секој случај, станува збор за голем проект“ рече градоначалникот Коњановски.

Тој кажа дека основно е да се зачува животната средина, да се зачува биодиверзитетот, но секако да се даде нова содржина во делот на развојот на туризмот, што овој регион го нуди.

Директорот на националниот парк „Пелистер“ Иванчо Тошевски кажа дека експерската група составен од домашни и странски стручњаци цело време беше во соработка со националниот парк „Пелистер“.

„Ова што денеска го гледаме како финален документ, како финална верзија е во рамки со светските трендови, значи она што е во делот на развојот на еко активниот туризам, а од друга страна во содејство со она што беше кажано дека туристичките економски зони ќе се развиваат надвор од националниот парк, додека ќе се планираат само активностите кои што ќе бидат сериозна туристичка понуда би се реализирале внатре во националниот парк“ рече Тошевски.

Експерите кажаа дека подготовката на планската документација бара неколку години, а реализацијата на терен покусо време.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Виноскоп ја отвора сезоната на отворено со петдневна фестивалска програма

Следно

Македонски Телеком и Комерцијална банка ја предводеа ликвидноста, МБИ10 со благ раст

Latest from Blog

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана

Блумберг открива детали: Европејците и Русите тајно разговарале за мирот во Украина

Поранешни високи функционери од Обединетото Кралство, Франција и Германија се сретнаа тајно со неименуван поранешен функционер на Кремљ во Виена во јули за да разговараат за можни услови за мировни преговори за

Кои европски земји имаат минималец над 2.000 евра?

Евростат ги објави минималните плати за втората половина од 2026 година, покажувајќи дека само осум од 29 европски земји ја зголемиле својата бруто минимална плата помеѓу јануари и јули 2026 година, додека
Go toTop