Нема француско-германски судир, тврди шефот на француската дипломатија

March 2, 2024
1 min read

Нема француско-германски судир, уверува францускиот министер за надворешни работи, Стефан Сежурне, во интервју за весникот „Монд“.

Дипломатот нагласува дека нема поделби меѓу Франција и Германија и покрај разликите што ги покажаа нивните лидери Емануел Макрон и Олаф Шолц околу Украина. 

-Нема француско-германски судир, ние се согласуваме за 80 отсто од прашањата, уверува Сежурне.

Највидливата коска на расправија сега се однесува на формата на помош што треба да и се даде на Украина во време кога американската помош од 60 милијарди долари останува блокирана од Конгресот, забележуваат француските медиуми.

На конференцијата во Париз, во понеделникот, организирана за начините на помош за Украина, се доби впечаток дека францускиот претседател Емануел Макрон индиректно ги критикуваше земјите, како Германија, кои долго време се двоумат да достават тешко оружје за Украина.

-Разговарав со колешката Аналена Бербок, ќе се видиме следниот вторник во Париз. Постои желба за разговор, изјави Сежурне. „Нема драма бидејќи имаме иста цел – поддршката за Украина“, додаде тој.

Сежурне, исто така, ја отфрли идејата дека дискусиите за воено присуство во Украина имаат предизборни цели пред гласањето за Европскиот парламент во јуни. 

-Прашањето не е изборно, туку егзистенцијално. Украина е во центарот на предизборните дебати бидејќи има разлики по ова прашање. Би сакал тоа да не биде така и да има широк консензус меѓу партиските поделби , рече Сежурне.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Две лица загинаа, 8 се повредени во напади на руски беспилотни летала

Следно

Без вода утре делови од Карпош и Центар

Latest from Blog

Маглешов: Две теории за ист случај од едно Обвинителство, време е за навремена ревизија

Единственото Јавно обвинителство во државата, како самостоен орган, излегува со две потполно различни правни теории за одговорноста во истиот случај. Ова го истакнува новинарот на Призма (БИРН), Васко Маглешов, предупредувајќи на сериозни

Трамп со ултиматум до Техеран: Отворање на Ормускиот теснец во рок од 48 часа или „уништување“ на електраните

 Само ден откако америкаснкот претседател Трамп најави намалување на воените операции, тој сега му постави ултиматум на Иран.  Заканувајки се дека ќе ги уништи неговите електрани, доколку во рок од 48 часа

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите во Обвинителството, во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме и со нив и со судовите

Во делот на платите сметам дека нема простор за зголемување, а во делот на ресурсите и алатките можеме да разговараме не само со Обвинителството, туку и со судовите, изјави премиерот Христијан Мицкоски,

Наместо 10 денари, дизелот би требало да поскапи околу 3 денари – Се намалува ДДВ-то за горива од 18% на 10%

Извршната власт подготвува интервентни мерки за да ги заштити граѓаните од најавениот драстичен скок на цените на горивата на светските берзи. Според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, без владина реакција, бензините би
Go toTop