Не сте само вие, и ЦЕО-то на ОпенАИ е „малку уплашен“

1 min read

Алтман ги повика „регулаторите и општеството“ да се вклучат во технологијата како би се спречиле потенцијално штетните последици што таа би ги имала за човештвото.

„Мора да бидеме претпазливи тука. Мислам дека луѓето треба да бидат среќни што сме малку уплашени од ова.

Посебно сум загрижен дека овие модели би можеле да се искористат за масовно ширење дезинформации. Сега, како што стануваат подобри во пишување на компјутерски код, тие би можеле да се користат и за сајбер-напади,“ изјавил Алтман, според кого и покрај опасностите ова е „најдобрата технологија што човештвото некогаш ја измислило.“

Предупредувањето следува по објавувањето на 4-та верзија на ЧатГПТ, и тоа за само четири месеци од пуштањето на оригиналната верзија, која стана најбрзо растечка апликација во историјата.

Алтман смирува околу стравовите дека вештачката интелигенција ќе придонесе кон тоа луѓето да бидат заменети од машини, објаснувајќи дека вештачката интелигенција работи само по наредба или внесување податоци од луѓе.

„Тој чека на команда од луѓе. Ова е алатка која е многу под човечка контрола. Ќе има луѓе кои нема да ги стават истите ограничувања што ги имаме ние.

Општеството мислам дека има ограничено време за да одлучи како ќе реагира на тоа, како ќе го регулира, како ќе се снајде со тоа,“ изјавил Алтман.

Еден од луѓето кој најчесто алармираат околу опасностите на вештачката интелигенција е Илон Маск, кој исто така е и еден од првите инвеститори во ОпенАИ. Маск е посебно загрижен што Микрософт, кој го интегрираше ЧатГПТ со пребарувачот на Бинг, ја има распуштено својата дивизија на етички надзор.

На пуштањето на четворката, Алтман објасни дека таа користи дедукција наместо меморирање, заради што новата верзија може да даде и бизарни одговори.

„Се обидувам да ги предупредам луѓето за она што го нарекуваме ‘проблем со халуцинација’. Моделот уверено ќе изјавува работи како да се факти а се целосно измислени.

Моделот е правилно да се разбере како систем за размислување, а не датабаза на факти…

…Тоа што го сакаме од нив е да направат нешто што е поблиско до размислување, а не меморизирање,“ порачал Алтман.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Фото: Приведени двајца скопјани кои превезувале огревно дрво без документи

Следно

Герасимовски ја донираше платата за лекување на болен ученик

Latest from Blog

ЗДРАВКО ЧОЛИЌ ИМА БОГАТСТВО ОД 25 МИЛИОНИ ЕВРА, НО НЕ И ТОЛКУ СПАК ЧАСОВНИК – пејачот на раката има „ситница“ која можат многумина да си ја дозволат (ФОТО)

Најголемата балканска ѕвезда Здравко Чолиќ според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“ е еден од најбогатите пејачи на