Навални: Сто дена по ред пред ќелијата ми го пуштаат истиот говор на Путин

July 14, 2023
1 min read

Одбележувајќи го 100-тиот ден од почетокот на емитувањето на говорот на Путин, Навални објави дека му било кажано дека ќе мора да го слуша говорот во текот на цела 2023 година

Затворениот критичар на Путин, Алексеј Навални се жали дека бил принуден да го слуша истиот говор од рускиот претседател повеќе од 100 дена по ред. Станува збор за говорот на Путин од февруари оваа година, кој трае еден час и 46 минути, а се емитува секој ден пред ќелијата на Навални, пишува Скај њуз.

На рускиот опозициски лидер (47) затворските службеници му кажале дека говорот се пуштал на дневна основа бидејќи содржел „инструкции за воспитно-образовната работа“.

Одбележувајќи го 100-тиот ден од почетокот на емитувањето на говорот на Путин, Навални објави дека му било кажано дека ќе мора да го слуша говорот во текот на цела 2023 година.

„Кога Путин ќе го одржи своето следно годишно обраќање, тој ќе почнат да ни го пуштаат“,

рекол Навални.

Во овогодинешното обраќање пред Федералното собрание во Москва, Путин рече дека „специјалната воена операција“, како што Русија ја нарекува војната во Украина, била спроведена со цел „да се елиминира заканата од неонацистичкиот режим“.

Во таа прилика Путин нагласи дека Русија направила „се што можела“ за да ги реши разликите „по мирен пат“ и го обвини Западот дека ја подготвува Украина за „голема војна“ со снабдување со оружје.

Навални моментално отслужува вкупно 11 и пол години затвор, но се соочува и со нови обвиненија за создавање екстремистичка организација. Доколку биде прогласен за виновен во новиот случај против него, може да биде осуден на затворска казна до 30 години.

Навални првпат беше уапсен во јануари 2021 година, откако се врати во Русија од Германија, каде што се опоравуваше од труење со нервен агенс. Му се слошило на лет за Москва, а подоцна било откриено дека бил отруен со Новичок за време на предизборно патување во Сибир.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Манчестер Јунајтед купи голман од 55 милиони евра

Следно

Шоле: САД секогаш ќе ја поддржуваат С Македонија на патот кон ЕУ, но следниот чекор напред зависи од вас

Latest from Blog

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop