Националната авиокомпанија на Црна Гора воведува билети по промотивни цени на линиите на Ер Монтенегро

January 17, 2023
1 min read

Националната авиокомпанија на Црна Гора „Ер Монтенегро“ подготви специјални цени за патување годинава, јави црногорската агенција МИНА.

„Промотивната продажба е од 16 до 30 јануари, а во овој период цената на билет во еден правец на линиите Тиват-Белград и Подгорица-Белград ќе биде 49 евра. Билетите од Подгорица и Тиват до Истанбул може да се купат по 109 евра во еден правец, а летовите од Подгорица до Љубљана се достапни за 69 евра“, се вели во соопштението на компанијата.

До крајот на јануари, како дел од промотивната понуда, Ер Монтенегро на своите клиенти ќе им понуди пониски цени за летови и до Прага, Цирих, Бања Лука, Лион, Нант, Париз, Братислава, Брно и Копенхаген.

„Голем број граѓани планираат патувања на почетокот на годината, поради што обезбедивме многу поволни цени за авио-билетите до нашите дестинации. Веруваме дека ова ќе биде дополнителен мотив за нив да ги резервираат своите летови сега и да ја направат оваа година-година на патување“, велат од црногорската национална авиокомпанија.

Билетите купени за време на промотивниот период може да се користат за патување од 16 февруари до 30 септември годинава, во цената се вклучени сите такси, рачен багаж од осум килограми и дополнителен багаж до 23 килограми.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Полицаец сведочи дека физички бил нападнат од градоначалникот на Крива Паланка од СДСМ

Следно

Ројс се поврзува со трансфер во Манчестер јунајтед

Latest from Blog

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop