НАТО може да се потпре на Северна Македонија, а Северна Македонија може да се потпре на НАТО, порача Столтенберг од Скопје

3 mins read

Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска го пречека генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој е во официјална посета на Северна Македонија. Се обратија на заедничка прес-конференција во Владата

„Вие придонесувате кон безбедноста и стабилноста на Западен Балкан преку нашите мировни мисии со КФОР на Косово, Решени сте да дојдете до два проценти од БДП потрошени на одбраната до следната година, а Северна Македонија силно ја осуди и руската агресија против Украина. Се приклучивте на ЕУ во наметнувањето санкции кон Москва и нудите воена и финансиска поддршка на Украина. Алијансата ви гарантира безбедност. Покриени сте од авионите на НАТО, и ова е всушност силидарноста на НАТО на дело“, рече Столтенберг

Република Северна Македонија е ценет сојузник на НАТО. Навистина ве цениме и многу ги цениме вашите придонеси кон нашата Алијанса. НАТО може да се потпре на Северна Македонија, а Северна Македонија може да се потпре на НАТО, изјави денеска на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски во Владата.

Фото: Принтскрин

„Вие придонесувате кон безбедноста и стабилноста на Западен Балкан преку нашите мировни мисии со КФОР на Косово, Решени сте да дојдете до два проценти од БДП потрошени на одбраната до следната година, а Северна Македонија силно ја осуди и руската агресија против Украина. Се приклучивте на ЕУ во наметнувањето санкции кон Москва и нудите воена и финансиска поддршка на Украина. Алијансата ви гарантира безбедност. Покриени сте од авионите на НАТО, и ова е всушност силидарноста на НАТО на дело“,

нагласи Столтенберг.

Тој посочи дека безбедноста на Западен Балкан е од суштинско значење за НАТО и, како што рече, тука има причини за загриженост.

„Во Бих се појавија тензии и тука ги охрабрувам политичките лидери да се воздржат од поделбени и сецесионистички реторики, и наместо тоа да ги концентрираат своите напори на помирување и на мирна иднина. Во Косово неодамна видовме инциденти со сериозно насилство. Белград и Прштина мора да се впуштат во дијалогот којшто е олеснет од ЕУ затоа што тоа е единствениот начин да се дојде до решението ќе ги почитува правата на сите заедници“,

порача генрралниот секретар на НАТО.

Премиерот Ковачевски рече дека ова е прва посета на генералниот секретар на НАТО во земјава, како полноправна членка на НАТО Алијансата.

Фото: Принтскрин

„Да се биде дел од НАТО значи безбедност, просперитет и сигурност на земјата и граѓаните. Затоа, Северна Македонија како членка на НАТО продолжува да вложува во јакнење на капациеттите во задржување и јакнење на статусот на сојузник од доверба во Алијансата. Како една од полнадите членки се посветивме сериозно и ја постигнавме воената интеграција од било која претходна земја-членка која се приклучила на Алијансата,

нагласи премиерот.

Според него, изминатава година фокус е ставивен во справување од хибрид заканите и сајбер одбраната.

„За тоа морам да се заблагодарам на Министерството за одбраната и на Министертвото за внатрешни работи кои во соработка со НАТО имаа голема поддршка од нашите сојузници во овие големи предизвици кои ги иамвем на почетокот на годината. За некој месец ги достигнуваме и зацртаните 2 отсто од бруто домашниот производ кои одлучивме на самитото во Винус каде го договоривме и најробусниот план за НАТО“,

посочи Ковачевски.

Рече и дека продолжуваме и со нашата силна поддршка на Украина, во борбата за нејзината слобода и мир, а против ужасите кои руската агресија се уште ги прави на територијата на Украина.

„Продолжуваме и со нашиот придонес во мисиите на НАТО во Косово и во Ирак и во борбените групи на НАТО во Летонија, Романија и Бугарија“,

рече премиерот.

Според него, стабилноста на регионот е исклучително и суштински важно и тоа повеќе од кога било досега.

„Токму затоа наш приоритет е евроинтеграцијата. Пред се на Северна Македонија, но и на регионот. Не смееме да имаме пречки и кочници на тој пат и ќе направиме се што е потребно да го исчекориме до крај, се до нашето членство во ЕУ во 2030 година,

рече Ковачевски на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО во Владата.

Генералниот секретар на НАТО денеска во Скопје ќе има билатерална средба и со претседателот на Собранието Талат Џафери, по што ќе се обрати и пред пратениците во Собранието, во рамки на 132-та седница.

Тој потоа ќе биде примен од Претседателот Стево Пендаровски во неговиот Кабинет.

Утре во Скопје ќе се одржи неформалниот лидерски состанок на НАТО сојузниците од регионот.

Според најавите, Столтенберг и Ковачевски ќе ги пречекаат поканетите лидери од Република Албанија – премиерот Еди Рама, Република Хрватска – претседателот Зоран Милановиќ, Република Црна Гора – премиерот Милојко Спајиќ и Република Словенија – премиерот Роберт Голоб.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Претходно

Полските земјоделци решија да ја блокираат… Украина

Следно

Столтенберт: Не гледаме воена закана која би дошла од Русија против кој било сојузник на НАТО или регионот

Latest from Blog

КАРЛЕУША ОВА НЕ ГО ОБЈАВУВА НА ИНСТАГРАМ: Пејачката уловена од туристи на плажа во Дубаи, минијатурната танга не и заврши работа да покрие тоа што требаше (ФОТО)

Јелена изгледаше многу задоволно, а нејзиниот изглед предизвика воздишки кај многумина. Во бикини кое го открива