Насмевка на лицето на девојка извлечена од урнатините 34 часа по земјотресите во Туркије

February 7, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Две девојки денес се спасени од урнатините на зграда 34 часа по разорните земјотреси што вчера ги потресоа јужните делови на Туркије, јавува Анадолу.

Фоторепортерот на АА го забележа извлекувањето на две девојки од урнатините во турскиот град Малатја, кој претрпе тешки разурнувања во вчерашните земјотреси со 7,7 и 7,6 степени по Рихтер, со епицентри во областа Кахраманмараш.

На фотографиите може да се види блага насмевка на лицето на девојката додека ја извлекува спасувачкиот тим, откако 34 часа мина под урнатините на повеќекатница и успеа да ја преживее најголемата катастрофа што ја снајде нејзината земја во последните 100 години.

Според најновите информации, 3.549 лица загинаа, а најмалку 22.168 се повредени во земјотресите што вчера ги потресоа јужните делови на Туркије.

– Разорни земјотреси кои вчера ја потресоа Туркије 

Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер вчера наутро во 4:17 часот по локално време со епицентар во округот Пазарџик и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.

И турските области Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османие, Хатај и Килис се тешко погодени од земјотресите. Во текот на денот имаше и голем број последователни потреси со помал интензитет.

Земјотресите се почувствуваа и во соседна Сирија, но и во Ирак, Либан, Египет и други региони.

Туркије прогласи седумдневна жалост поради разорните земјотреси што ја потресоа земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Спасени уште три деца од урнатините по земјотресите во Туркије

Следно

Гази Баба ќе испрати 500.000 денари помош на Турција и Сирија

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop