Гази Баба ќе испрати 500.000 денари помош на Турција и Сирија

February 7, 2023
1 min read

Попладнево се оддржа седница на Советот на општина Гази Баба по иницијатива на градоначалникот Бобан Стефковски на која беше донесена Одлука за определување на финансиска помош за настраданото население во Турција и Сирија.

За седницата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

– 500.000 денари финансиска помош за настраданото население од земјотресот во Турција и Сирија. Попладнево се оддржа седница на Советот на општина Гази Баба на која на мој предлог, едногласно Советот донесе Одлука за определување на финансиска помош во висина од 500.000 денари за настраданото население во Турција и Сирија. Ѝ благодарам на претседателката на Советот Дијана Илиевска за итното прифаќање на моето барање и свикување на седницата за краток рок. На почетокот на седницата со едноминутно молчење оддадовме почит на загинатите во земјотресот. Гази Баба ќе продолжи да помага, напиша Стефковски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Насмевка на лицето на девојка извлечена од урнатините 34 часа по земјотресите во Туркије

Следно

(ВИДЕО) Доза никотин со вкус на ванила – нова детска мода со слаба контрола

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не

Мицкоски конечно призна дека државата доцни со поврат на ДДВ: Срамно е граѓаните и фирмите да му се јавуваат нему

Социјалдемократскиот сојуз смета дека срамно е премиерот Христијан Мицкоски да ги повикува фирмите да му се јавуваат за повратот на ДДВ. „Денес премиерот Христијан Мицкоски конечно призна дека државата со месеци доцни
Go toTop