Напаѓачот на новинарот на српската телевизијата Н1 доби 30 дена притвор

December 29, 2023
1 min read

„Почна да ми се впушта во лице, да ми се заканува, ме фати и за десната рака. Заминуваше и се враќаше. Овие последни 24 часа беа многу стресни за нас новинарите на терен. Уморни сме. Бев малку ироничен и циничен кон него, но нема оправдување некој да се однесува вака“, рече новинарот

Напаѓачот на новинарот на српската телевизијата Н1 доби 30 дена притвор, пренесуваат српските медиуми.

Според судското известување, судијата на претходна постапка на Вишиот суд му одредил притвор до 30 дена на Г.М., обвинетиот за нападот на новинарот на Н1, Младен Саватовиќ.

Фото: Принтскрин

„Притворот на обвинетиот Г.М. е утврден поради постоење посебни околности кои укажуваат дека во краток рок ќе го повтори кривичното дело“,

се објаснува во соопштението на Вишиот суд.

Г.М. е обвинет за кривично дело насилничко однесување на спортски настан или јавен собир.

Репортерот на српската телевизијата Н1 пред неколку дена беше нападнат додека известуваше за време на протестот на студентите и на опозицијата пред зградата на Владата во центарот на Белград.

Новинарот на Н1 раскажа што се случило за време на нападот од непознато лице. Од нападот на новинарот документиран е и видеоматеријал.

„Во моментот кога чекав да ме вклучат во живо, маж на околу 35-40 години ми пријде и почна да ми дофрла неразбирливи реченици“,

раскажува новинарот.

Како што рече Стевановиќ, додека известувал, човекот не се откажал од заканите.

„Почна да ми се впушта во лице, да ми се заканува, ме фати и за десната рака. Заминуваше и се враќаше. Овие последни 24 часа беа многу стресни за нас новинарите на терен. Уморни сме. Бев малку ироничен и циничен кон него, но нема оправдување некој да се однесува вака“,

вели новинарот.

На видеото може да се забележи и како случајни минувачи се обидуваат да го тргнат напаѓачот.

„И јас реагирав со емоции, но цело време мислев дека ќе се вразуми ако му се заканам со полицијата или ако „покажам заби“. Повикавме полиција, која дојде по 10-тина минути. Таму беше и член на обезбедувањето на Владата, кој рече дека не може да реагира. Полицијата ни рече дека ќе се обиде да го најде и да го гони врз основа на видеото“,

изјави Саватовиќ.

Според него, ваквите ситуации треба да се истуркаат до крај, зашто не треба никој да им пречи на новинарите да ја вршат професионално својата работа.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најважните случувања во 2023 година во Северна Македонија, Косово и Албанија

Следно

Министерство за правда: На Љупчо Палевски му е одреден привремен затвор во Беликесир

Latest from Blog

Кога не му оди на Кејн, тука е Белингам…. Аргентина трет меч во елиминациите се „провлекува“….

  Во полуфиналето од тековниот Мундијал имаме супер пресметка помеѓу Англија и Аргентина. Синоќа англичаните под водство на Џуд Белингам успеаа да ја елиминираат Норвешка со 2:1, додека пак Аргентина иако фаворит

Беше исклучително важен сојузник на Украина, го посети Киев во петокот и ПОЧИНА 48 ЧАСА ПО СРЕДБАТА СО ЗЕЛЕНСКИ

Линдзи Греам, долгогодишен американски сенатор и еден од најистакнатите републикански застапници на поддршката за Украина, почина на 71-годишна возраст, само два дена по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. Според

Уставниот суд: Упатуваме остри критики кон обидите за груба партизација и политизација

Уставниот суд упатува остри критики кон, како што велат, обидите за груба партизација и политизација која деновиве одредени политички партии се обидуваат да ја наметнат со цел да ја зголемат сопствената визибилност

ВЛЕН: ДУИ протестира за своите привилегии, а не за интересите на Тетово

Политичката партија ВЛЕН реагираше по вчерашниот протест на ДУИ во Тетово, оценувајќи дека станува збор за политички собир организиран поради, како што велат, „изгубените привилегии“, а не во интерес на граѓаните. Од
Go toTop