Наместо укинување на онлајн коцкањето, владиниот закон спрема приватизација на онлајн бизнисот со коцка, велат од Левица

May 22, 2026
1 min read

Наместо укинување на онлајн коцкањето, како што ветуваше „Вреди“ пред изборите, владиниот предлог-Закон за игри на среќа е уште една политичка измама и обид за прераспределба на милионскиот коцкарски бизнис кон нови центри блиски до власта, истакнуваат од Левица.

„Иако Изет Меџити претходно изјавуваше дека „стопирале можност нашите деца да имаат коцкарници на своите телефони“, реалноста е сосема спротивна – онлајн коцкањето не само што не се укинува, туку преку новиот предлог-закон се отвора простор за нови приватни интереси да влезат во овој профитабилен бизнис. Ова го отвора прашањето: кој поединец близок до власта ќе влезе во бизнисот со онлајн коцкање и ќе заработува милиони од овој општествен порок“.

Според оваа партија, со моменталното законско решение, онлајн коцкањето во Македонија функционира како државно контролиран систем преку Државна лотарија на Македонија.

Но, наместо целосно укинување на онлајн игрите на среќа, како што ветуваа пред изборите, власта, додаваат од Левица, сега подготвува законски измени кои отвораат простор за тивка приватизација и влез на приватни структури во онлајн коцкањето.

За нив, особено спорен е членот 7 став 4 од новиот предлог-закон, каде што, како што прецизираат, не е јасно дефинирано кој и под кои услови ќе може да учествува во приредувањето на онлајн игрите на среќа.

„Ваквата недореченост не значи борба против коцкањето, туку создавање сива зона за политички договори и бизнис интереси зад затворени врати.

Наместо заштита на граѓаните, власта повторно креира услови за нова распределба на профитот од коцкарската индустрија. Во меѓувреме, Македонија продолжува да се претвора во држава преплавена со коцкарници и обложувалници. Овој бизнис најмногу цвета токму во сиромашни држави, каде што граѓаните во недостаток на перспектива се туркаат кон лажна надеж за брза заработка, додека профитите завршуваат кај мал број моќници и странски компании“.

Македонија, нагласуваат од Левица, не смее да биде држава во која коцкарските лобија и партиските бизниси ќе бидат поважни од јавниот интерес.

„Потребен е јасен и строг закон кој вистински ќе го ограничи коцкањето, а не закон што ќе отвора нови можности за богатење на луѓе блиски до власта.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тухел ги отвори картите, познат списокот на патници на СП 2026

Следно

Републиканците го блокираат гласањето: Трамп останува со „одврзани раце“

Latest from Blog

Меџити: Заедничкиот развој и стабилноста се во интерес на Македонија и Косово

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, во Старата скопска чаршија ја пречека претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу. На средбата разговараа за добрососедските односи, институционалната соработка и

Над 11 милиони денари промет на Македонската берза, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 27.10.2026 заврши со благ пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.858,11 поени. Во

„Кромберг и Шуберт“ и Германската стопанска комора ја зајакнуваат соработката во Битола

Фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Битола ја посетија директорката на Германската стопанска комора во Северна Македонија, Антје Ванделт, и заменик-директорката Лара Крстева Ичоќаева. За време на работната посета се одржал состанок

Коњановски: Енергетска фасада и нов систем за греење за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Во битолското ОУ „Стив Наумов“ денеска беа извршени примопредавање и технички преглед на поставените топлински пумпи, кои треба да го заменат досегашното греење со екстра лесно масло. Во присуство на градоначалникот на

„Фајненшел тајмс“ предупредува на недостиг на бакар од 2028 година – Македонија има значајно наоѓалиште во Иловица

Светот се подготвува за недостиг на бакар што може да ги погоди некои од најважните индустрии, од обновливите извори на енергија и електричните автомобили до вештачката интелигенција и одбранбениот сектор. Во анализа
Go toTop