Накратко затворен воздушниот простор над езерото Мичиген во САД

February 12, 2023
1 min read

Во саботата накратко беше затворен и воздушниот простор над американската сојузна држава Монтана, откако Северноамериканската воздушна одбранбена команда откри „аномалија на радарот“, испраќајќи борбени авиони да го истражат просторот

Воздушниот простор над езерото Мичиген во северниот дел на САД беше накратко затворен во неделата поради активностите на Министерството за одбрана и оттогаш е повторно отворен, објави американската Управа за цивилно воздухопловство (ФАА).

„ФАА накратко затвори дел од воздушниот простор над езерото Мичиген за да ги поддржи операциите на Министерството за одбрана. Воздушниот простор е повторно отворен“,

се вели во соопштението.

Во саботата накратко беше затворен и воздушниот простор над американската сојузна држава Монтана, откако Северноамериканската воздушна одбранбена команда откри „аномалија на радарот“, испраќајќи борбени авиони да го истражат просторот.

Над Северна Америка деновиве се соборени два неидентификувани објекти откако претходно САД соборија кинески балон над нивните територијални води кај Јужна Каролина.

Еден летечки објект беше соборен во петокот над Алјаска, додека друг беше соборен во саботата од американски борбен авион над канадска територија.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во петокот стави на „црната листа“ шест кинески компании кои се поврзани со воздушните програми за набљудување на кинеската армија. Ваквиот потег следуваше по соборувањето на кинескиот балон за надзор што прелета над САД минатата недела.

САД велат дека балонот бил опремен да детектира и да собира разузнавачки сигнали. Од друга страна, Пекинг тврди дека се работи за цивилен балон за метеоролошки истражувања кој случајно навлегол во воздушниот простор на САД.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Инстаграм фото: Напредува изградбата на телекомуникациската кула на Водно

Следно

АВМУ: Радиодифузерите утре да ја прилагодат програмата со денот на жалост

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop