Најубавите езера за одмор во Европа

June 24, 2024
1 min read

Светски познатата платформа за патувања, „Лонли планет“ (Lonely Planet) објави топ-листа на некои од најубавите езера во Европа. Од нив, четири се на Балканот – по две во Хрватска и Словенија.

„Морските брегови и прекрасните плажи во Европа привлекуваат големо внимание налето, но не треба да се занемарат ниту езерата на континентот. Италија може да се пофали со прекрасни езера опкружени со планини, а и езерата во Хрватска и Англија се вистинска сензација. Без оглед дали сакате да пливате или само да се опуштите, Европа има доволно езера за секоја авантура“, се вели во написот.

На списокот се наоѓаат двете солени езера на Островот Мљет – Мало и Велико Езеро, а во близина е и Островот Света Марија, Националниот парк Мљет, како и познатиот Дубровник. На списокот се најдоа и Бледското и Бохињското Езеро во Словенија.

Топ-листата ги посочува и езерата Лаго ди Левико и Лаго ди Калдонацо (Италија), Езерото Гарда (Италија), Констанца (Германија, Швајцарија, Австрија), Анеси (Франција), Сен Кроа (Франција) и Батермер и Крамок Вотер (Англија).

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ѓоковиќ го надмина Алкараз на АТП ранг листата

Следно

Борел: Ситуацијата во Газа е „неспоредлива“ поради израелските напади

Latest from Blog

ТС Дуброво по 50 години запишана во сопственост на МЕПСО

По речиси пет децении, еден од долгогодишните имотно-правни проблеми во електроенергетската инфраструктура конечно се решава. Објектите на ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се запишани како сопственост на АД МЕПСО,

Трамп: Канада е една од најлошите земји во светот

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Отава, кои ги оптоваруваат историски пријателските односи. „Проблемот е што тие се однесуваа многу неправедно кон Соединетите Држави. Тие беа една
Go toTop