Легендарниот скијач Марсел Хиршер доживеа нова тешка повреда на коленото и најави дека ова можеби е крај на неговата трофејна кариера.
Австриецот, кој од оваа сезона почна да се натпреварува под знамето на Холандија, се подготвуваше за кам-бек во Светскиот куп во алпско скијање, но заработи повреда на предните вкрстени лигаменти на коленото за време на еден тренинг во Австрија.
Сезоната за него е сигурно завршена, а 35-годишниот скијач најави дека можно е да стави и крај на кариерата.
„За несреќа повредите се дел од скијањето. Можеби конечно сум готов со моето патување“, рече Хиршер.
Извор: kurir.mk