Најсериозното предупредување на Германија досега: Путин би можел да го нападне НАТО

January 19, 2024
1 min read

Се повоинствениот руски претседател Владимир Путин би можел да го нападне НАТО за помалку од една деценија, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус во најсериозното предупредување од тој вид досега.

„Речиси секој ден слушаме закани од Кремљ… затоа мораме да земеме предвид дека Владимир Путин еден ден би можел дури и да нападне земја на НАТО“, изјави Писториус за германскиот весник „Тагесшпигел“ во интервју објавено денеска.

„Иако рускиот напад засега е малку веројатен, нашите експерти очекуваат дека за пет до осум години тоа би можело да биде можно“, рече Писториус.

По сеопфатната инвазија на Украина, Русија драматично ја засили својата агресивна реторика против некои од нејзините соседи – вклучително и балтичките земји и Полска, кои се и членки на НАТО, како и Молдавија – што ги натера највисоките европски претставници на одбраната да предупредат на ризик од голем конфликт.

Пред два дена, адмиралот на НАТО, Роб Бауер, рече дека воената алијанса се соочува со „најопасниот свет во последните децении“ и повика на „трансформација на НАТО во сојуз подготвен за војна“.

Претходно овој месец, врховниот командант на Шведска, генерал Микаел Биден, на сличен начин ги повика Швеѓаните „ментално да се подготват“ за војна. Истиот ден, шведскиот министер за цивилна одбрана Карл-Оскар Болин исто така предупреди дека „војната може да дојде во Шведска“.

Во интервјуто, Писториус рече дека предупредувањата на Шведска се „разбирливи од скандинавска перспектива“, додавајќи дека Шведска се соочува со „уште посериозна ситуација“, со оглед на нејзината близина со Русија. Шведска се уште не е членка на НАТО алијансата и чека одобрение од Турција и Унгарија за приклучување./makfax/

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Корпоративните профити ја разгоруваат инфлацијата

Следно

Едно лице загина во судир на четири возила кај Гевгелија

Latest from Blog

САД до сојузниците во НАТО: Напуштете го Меѓународниот кривичен суд и прекинете им ја поддршката

На состанокот на амбасадорите на 32 членки на НАТО зад затворени врати во Брисел кон средината на јули, американскиот претставник Метју Витакер побара од сојузниците да го напуштат Римскиот статут, основниот документ

Медведев: Нашето трпени не е бесконечно, останува нуклеарната опција

Во интервју објавено денес, Медведев ги отфрли толкувањата дека реториката на неговата земја за употребата на нуклеарно оружје е само низа „навестувања“, објави весникот „Ведомости“. „Ова не е тактика на заплашување, туку

Лавеци има сериозни психички проблеми (ВИДЕО)

Некогашната аергентинска фудбалска звезда, Езекил Лавеци, кој славата ја стекна во Наполи односно ПСЖ, во моментов има 41. година и објави во јавноста дека се соочува со сериозни психички проблеми. Додаде дека

Трамп ветува по 5.000 долари за сите возрасни Американци ако Републиканците победат на изборите во ноември

Американскиот претседател  Доналд Трамп на конвенцијата на Републиканската партија во Далас им вети по 5.000 долари на сите возрасни граѓани на САД доколку Републиканците ја задржат контролата врз Конгресот по меѓуизборите на почетокот
Go toTop