Најмалку 22 загинати и 69 повредени при уривање на училиште во Нигерија

July 13, 2024
1 min read

Најмалку 22 лица загинаа, а 69 се повредени откако се урна училишна зграда вчера за време на наставата во  државата Плато во централна Нигерија, соопштија локалните власти.

Околу 130 лица се згрижени во блиските болници, а најголем дел од жртвите се ученици и вработени во училиштето.

Зградата е дел од средно училиште во градот Јос и се урна за време на часовите, соопшти  Муса Ибрахим Ашомс, офицер за информации и комуникации на Плато.

Се стравува дека бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи во урнатиот дел од зградата имало околу 200 ученици. Спасувачки екипи бараат преживеани во урнатините.

Двокатната зграда се урна ден по поројниот дожд шти го ја зафати централна Нигерија.

Почната е истрага за причините за уривањето. Во последниве години, во Нигерија се случија неколку уривања на згради, што резултираше со многу жртви и повредени, најчесто поради лоша градба, употреба на неквалитетни материјали и корупција.

Извор: 24vesti.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Туркије: Дворот на зграда претворен во ботаничка градина

Следно

Таравари: Тримесечно бебе со траги на насилство, виновниците ќе бидат пронајдени и казнети

Latest from Blog

Претседателот Гаши на 67. Генерално собрание на ПАБСЕК во Тбилиси

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во

Проданоски: Отворен Центар за дневен престој на стари лица во Прилеп

Во Прилеп денеска и официјално беше пуштен во употреба Центарот за дневен престој на стари лица за активно стареење, кој ќе обезбедува грижа, поддршка, социјализација и различни активности за повозрасните граѓани. Градоначалникот

Општинскиот штаб во Прилеп ги активира мерките за превенција од пожари

Општинскиот штаб за заштита и спасување во Прилеп започна со интензивни подготовки за претстојната сезона на пожари, со цел навремена превенција и ефикасно справување со евентуални пожари на отворен простор. Од Општината
Go toTop