Најмалку 193 лица загинаа во свлечишта и поплави во Непал

September 30, 2024
1 min read

КАТМАНДУ (АА) – Најмалку 193 лица загинаа во поплавите и свлечиштата предизвикани од поројните дождови кои со денови траат во јужноазиската земја Непал, известува Анадолу.

Непалската полиција објави дека досега животот го загубиле најмалку 193 лица во свлечиштата и поплавите што се случија низ целата земја. Полицијата информираше дека 31 лице се водат за исчезнати, а 96 лица се повредени.

Најголем дел од смртните случаи се регистрирани во главниот град Катманду, каде има интензивни врнежи од дожд, а значителен дел од јужниот дел на градот е поплавен.

Спасувачките тимови вложуваат напори за пронаоѓање и спасување на исчезнати лица во Катманду и неговата околина. Засега некои од главните патишта се затворени, а голем број возила се блокирани поради свлечиштата.

Монсунските дождови кои се ефективни во оваа земја секоја година во периодот од јуни до септември предизвикуваат голем број смртни случаи и материјална штета.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

Следно

Без струја дел од општините Ѓорче Петров и Сопиште

Latest from Blog

Градоначалникот на Дојран, Ангов: Будно ја следиме состојбата со пожарите на терен

Градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, вечерва преку својот фб профил им се заблагодари на сите учесници кои учествуваа во гаснењето на пожарот крај Дојранското Езеро. Фб, статусот ви го пренесуваме во целост:

Министерство за здравство: Се следи состојбата со пожарите на терен и се постапува согласно развојот на настаните

Министерството за здравство информира дека во контекст на актуелните пожари, здравствениот систем „е целосно мобилизиран и подготвен за навремен и соодветен одговор на евентуалните последици“… Формирани се дополнителни медицински тимови, обезбедени се

Челникот на Анадолу на изложбата на İstanbul Photo Awards: Секоја фотографија ја пренесува состојбата на светот

ИСТАНБУЛ (АА) – „İstanbul Photo Awards“ уште еднаш покажува дека секоја фотографија со документарна вредност не е само слика туку јазик за разбирање и пренесување на состојбата на светот и суштината на
Go toTop