Ни помалку ни повеќе, директорот Арифи барал 100.000 евра за прием на пациентот, предложил продажба на станот

April 10, 2025
1 min read

Од Јавното обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција соопштиваат дека има истрага против директорот на Геријатриската болница, Мухсин Арифи, за кривичното дело примање поткуп. Истрага е покрената и за уште едно лице кое помогнало во извршувањето на кривичното дело. Според информациите од Обвинителството, директорот Арифи во периодот од 19.03.2025 до 08.04.2025, неколкупати побарал значителни финансиски придобивки за себе, за задача која бил обврзан да ја изврши. Арифи неколку пати директно побарал пари од сведокот во случајот кој бил давател на доживотна издршка за лицето кое било тешко болно. Кога состојбата се влошила тој им предложил да го продадат станот на болното лице и да му исплатат 100 илјади евра.

Во соопштението до медиумите од Јавното обвинителство, информираат:

„По неколку дена, второосомничениот добил повик и закажал состанок со директорот на болницата на 19.03.2025, во доцните часови, во ресторан во Скопје. На состанокот, првосомничениот рекол дека знае дека пациентот е во добра материјална состојба и имал информации за имотот кој го поседувал, со што, ветил негов прием ако му се дадат 100.000 евра. Жената сведок реагирала дека тоа се многу пари, по што директорот предложил дека оваа сума може да се обезбеди од продажбата на станот кој го поседувал пациентот, што не било опција бидејќи станот бил дел од договор за доживотна издршка“, соопшти Јавното обвинителство

Како што информираат понатаму од Обвинителството, на 3 април повторно имало средба помеѓу сведокот и помагачот, како личност во која директорот имал целосно доверба, додека на 4 април, повторно сведокот се сретнал со двата осомничени.

„Било договорено дека сведокот ќе даде 20.000 евра како гаранција за приемот на пациентот во болница, додека ако првоосомничениот „со неговите контроли“ утврди дека пациентот поседува и друга недвижност, таа недвижност да се продаде и да се обезбеди бараната сума од 100.000 евра. Според овој договор, на 08.04.2025, жената сведок се сретнала со второосомничениот, кој влегол во нејзиното возило и во име на директорот ја примил сумата од 20.000 евра, по што на местото на настанот бил фатен од страна на полициските службеници, “ велат од Обвинителството.

Мухсин Арифи, на чело на Геријатриската болница дошол во јули минатата година, како кадар на Алијансата за Албанците, од крилото на Таравари.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 113 загинати во несреќата во ноќен клуб во Доминиканската република

Следно

Панатинаикос го продолжи договрот со двајца кошаркари

Latest from Blog

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека

Ангел Анѓушев: Добрата цена сама по себе не е доволна за успех на странските пазари

Квалитетот на производите и доследното почитување на меѓународните стандарди се предуслов за компаниите да бидат конкурентни на странските пазари, порача Ангел Анѓушев, оперативен директор на „Грин машинс“ и член на Управниот одбор
Go toTop